Атомски поет

07.07.2016 11:44

По туѓите песни ријам како ѕвер
додека не станам ГИЈОМ АПОЛИНЕР.

Стиховите ги делкам небаре вајар
додека не се извештам како ПОЛ ЕЛИЈАР.

Во својот стремеж и низ образованието вишо
ќе пораснам до нивото на АНРИ МИШО.

Лириката кога ќе ја закачам на ревер,
накривувам капа и свиркам ко ЖАК ПРЕВЕР.

Боговите се големи, а јас нивен син ‒
тогаш низ мене пее СЕРГЕЈ ЈЕСЕНИН.

Од најдлабокото дно ќе извлекувам руда
размавтан во работата како ПАБЛО НЕРУДА.

Големината ќе ми стреми накај китот орка
ако сакам да бидам моќен ко ГАРСИЈА ЛОРКА.

Прославен и сакан, ќе живеам боговски
и ќе грмам насекаде како МАЈАКОВСКИ.

Превод: П. В.

Милко Кос (Milko Kos, 1892‒1972), словенечки историчар и географ. Според него е именуван Институтот за историја „Милко Кос“ во Љубљана.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото