Истражувачи го „преведуваат“ говорот на мајмуните

08.07.2016 11:15
Истражувачи го „преведуваат“ говорот на мајмуните

Лингвисти и приматолози ги здружиле своите сили за да создадат основа за водич по лингвистика на приматите, кој би можел да помогне во дешифрирање на значењето на говорот на мајмуните.

Во нивната студија, тие ги проучувале гласовите од различен вид, анализирајќи ја структурата и распоредот на гласовите, објаснувајќи што значат поединечни секвенци и гласови. Иако говорот на приматите не е комплексен како човечкиот, истражувачите велат дека овие животни покажуваат лингвистичка способност која е возбудлива.

„Сега можеме да ја проучуваме формата и значењето на гласовите на мајмуните користејќи ги методите од теоретската лингвистика на мајмуните. Со овој пристап можеме да споредиме еден вид мајмун со друг, и да видиме дали некои од нивните гласови се сочувани повеќе од три милиони години“, вели Филип Шленкер од Институтот Jean-Nicod, кој е еден од водачите на истражувањето.

Истражувачите велат дека постојат докази за морфологија на јазикот на приматите - структурата на гласовите кај африканските мајмуни, кои користат различни суфикси и корени, и имаат различни извици за општа опасност, опасност од воздух и присуство на опасно животно.

Извор: www.nyu.edu