Керамички инсекти лазат низ галериските ѕидови

09.07.2016 13:04
Керамички инсекти лазат низ галериските ѕидови

Како свирачот од Хамелин, уметницата од Велика Британија Ана Колет Хант своите 10.000 керамички инсекти ги носи на патувачка изложба која прв пат се појави пред неколку години во кулите на Wollaton Hall, Англија, дом на значајна природно-историска колекција. Хант го споредува својот рој бубачки и пеперутки кои маршираат со будењето на видовите, идејата дека нејзините инсталации ја доловуваат реанимацијата на овие одамна хибернирани суштества врамени зад стаклени ѕидови или изгубени во фиоки. Во каталогот за изложбата, за процесот на нејзината работа стои:

„Изложбата е резултат на преокупација на Ана со историските куќи. По периодичните посети на Wollaton Hall, таа е постојано задлабочена во ентомологијата, особено во кревкоста на стареењето на инсектите кои се дел од колекцијата, и од можните приказни кои би можеле да се создадат од нив. Делото е направено во неколку фази: Ана создава оригинални модели и нивните калапи, а потоа тим асистенти од стакло ги изработуваат поединечните елементи.“

Некои инсекти имаат златен сјај, што упатува на традиционалните техники на презентирање на инсекти во музејските колекции со прикачување на секој од нив на табла. Овој конкретен аспект, исто така влегува во приказната, во која маѓепсаните бубачки крварат злато од своите рани.

Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото