Бакалар

09.07.2016 16:45

Стариот рибар од Гвадалхар
уловил убав бакалар.
‒ Што ќе правиш со мене? Нешто неизбежно?
Запрашала рибата тажно.
‒ Ќе те однесам на мојата жена
која е расположена и сталожена
да ти ја скине главата, без бол,
а ќе накапе и доста сол.
За тебе трговецот добра пара ќе ми даде,
со него тогаш ќе патуваш насекаде.
‒ Леле, мајко, зар без глава?! ‒
се вџашил кутриот бакалар.
А рибарот рекол: ‒ Можеби е страшна ствар,
но не грижи се, тоа е полесна и полезна мака:
многумина сега патуваат така.

Препев: П. В.

Juan Eugenio Hartzenbusch(1806‒1880), шпански драмски писател. Бил директор на Националната библиотека сè до пензионирањето во 1875 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото