Метју Стоун

11.07.16 23:41

Делата на уметникот Метју Стоун на кои се прикажани човечки тела обликувани со експресивни дигитални потези со четка, истовремено се чудни и убави. Работејќи со повеќе уметници, меѓу кои и музичкиот состав FKA twigs, покрај неговата лична пракса, во Somerset House во Лондон, уметникот сега ја изложува серијата нови дигитални слики наречена Healing with Wounds.

Сликите ги отвораат прашањата за идентитетот и конфликтот, демонстрирајќи врвни дигитални вештини. Секоја слика е создадена како „виртуелна скулптура“ со линии направени на компјутер пред да бидат печатени на ленено платно. Потоа се додадени сенките со цел да создадат чувство на длабочина и перспектива.

Сликите се дел од прославите на интернет страницата Утопија, по повод одбележувањето на 500-годишнината од „Утопија“ на Томас Мор. На сликите се препознаваат елементите на една утописка атмосфера со живописни бои и флуидни потези, а купиштата тела ја откриваат чудната страна на нештата. Според Somerset House, Метју „има за цел да ја нагласи централната улога која меѓусебната зависност ја игра во обликувањето на нашиот капацитет да се лекуваме“, прикажувајќи различни тела и во игра и во војна.“

Извор: www.itsnicethat.com

ОкоБоли главаВицФото