Еден збунет млад човек

12.07.2016 01:36
Еден збунет млад човек

Несакајќи

до сега
ме оставиле
единаесет девојки
без да сакам,
станав ебачиште

Хедонист

почнав да пушам
не за да изгледам повозрасен
не за да се правам
фраер пред женските
ни зашто моите дома беа пушачи
ни зашто цело друштво пушеше

почнав да пушам
за да се откажам од цигари,
па по многу години
повторно да запалам една
и неизмерно повеќе
да уживам во неа

In vino sexitas

ќе се начукаш
па ќе сакаш
да водиме љубов
виното
е тоа,
а не ти
ама ако,
земи уште
една чаша

Покана за излегување

Јас сум педер,
мојата уста е педер
моите заби се педер
сите до еден
и рацеве се педер
особено левата
и нозеве се педер,
новите чевли,
врвките на новите чевли
и ѓонот
сè - педер до педер

Но, и ти, мила моја,
признај
ајде признај
педер си.
таа твоја
срамежлива насмевка
е педер
и тие зелени очи
двоумење полни
се педер
и сега, пред малку
кога
помина со раката низ косата,
тој гест беше педер,
твојот врат е педер
и коските на вратот
и фустанот
твоите нозе,
врвовите на твоите палци
- сè се тоа педери

А оваа ноќ,
оваа скопска ноќ,
мила моја,
е еден
натртен
црвен
влажен
чмар
што чека
само на нас

Блискост

јас и мојата девојка
лежевме
припиени

во полумракот,
погледот ми падна
врз мојата гола нога
но, ми се стори
како да е нејзина
па си помислив:
колку е убава!

Етапи

во „фиќото“ на дедо ми
моите родители,
дечко и девојка сеуште,
ги споила љубов и страст
и така на светот
дојдов јас

на креветот во спалната
татко ми и мајка ми
ја вршеле својата брачна должност
и - ете го мојот помал брат

мене и брат ми нè испратиле
кај баба
па татко ми
ја оплодил мајка ми
уште еднаш
зашто таа сакала и девојче

набрзо по раѓањетона мојата сестра,
моите родители
купија видео.

Годишни времиња

сакам есен
ме скокоткаш со суви лисја

сакам зима
ме милуваш нежно со снег

сакам пролет
ми ставаш цветови во косата

а лето обожавам
не ми правиш ништо,
ама носиш бикини

Мала пауза

Ти си најдоброто нешто
во мојот живот
последниве две години,
а сепак мило ми е
што отиде кај баба ти
во Кавадарци
цели пет дена

бевме неразделни
па добро ни дојде
оваа мала пауза
да не се заситиме
од врската
да не си станеме напорни
да се одмориме еден од друг

оваа мала пауза
не се бричев
воопшто
и не гледав што облекувам
и се испијанив трипати
и спиев со една колешка

сега
кога се врати
повеќе ќе се сакаме
ако остане тајна за тебе
оваа мала пауза

Точно на време

додов порано
на закажаниот состанок
со еден пријател
таа седеше на соседната маса
и додека го чекав
погледите ни се сретнаа
па така,
се запознавме
се бакнавме
се засакавме
ни беше супер,
но Ирена не беше подготвена
за долга врска,
за големото вкотвување,
сакаше да види
што има после мене
раскинавме,
за два месеца
ја видов со друг,
па со трет
ама дојде момент
и таа осети потреба
да застане крај некого,
а тој некој
се погоди да биде
оној мој пријател
го познавам добро
и навистина,
не се разликуваме многу
не е ништо полош од мене
не е ништо подобар
само што јас подранив
а тој пристигна
на закажаниот состанок
точно на време
о, Љубов
се чувствувам излажан
дури и Ти
носиш часовник.

Извор: Еден збунет млад човек, Аз-Буки, Скопје, 2001.
Слики: Џоел Робинсон

ОкоБоли главаВицФото