1.1 милијарди причини за крај

12.07.2016 13:30
1.1 милијарди причини за крај

На вчерашниот протест на Шарената револуција, граѓаните го искажаа својот револт против најновото задолжување на Македонија со еврообврзница од 650 милиони евра.

Со ударната парола „1.1 милијарди причини за крај“, протестот започна пред СЈО, а потоа демонстрантите се упатија кон Министерството за финансии. Кај поранешниот хотел Бристол тие беа стопирани од голем број специјалци и водени топови.

Насобраната група граѓани таму се раздели помеѓу комплексот Градски ѕид барајќи алтернативни приоди кон Министерството, но на секој ќош беше присутна полицијата.

Помала група успеа да продре преку подземните гаражи и влезовите на зградите, а оттаму се интензивираа тензиите помеѓу полицијата и демонстрантите, бидејќи во еден момент беа блокирани и тие влезови, по што неколку граѓани останаа заглавени.

На поединечни страни полицијата не дозволуваше ниту премин на новинарите.

Во турканицата со демонстрантите кои се обидуваа да ја пробијат блокадата, полицијата употреби димна бомба. Веднаш потоа, кордонот се повлече и демонстраните започнаа со шарање на фасадата на Министерството.

На едно од стаклата со кармин испишаа Лири (Слобода) а протестите завршија мирно со интонација на македонската химна од страна на присутните.

Во продолжение, можете да погледнете избор од фотографиите на Ванчо Џамбаски од вчерашниот протест.

ОкоБоли главаВицФото