Фотографии со магичните инсекти кои ги осветлуваат и очудуваат летните ноќи во Јапонија

14.07.2016 01:23
Фотографии од магичните инсекти кои ги осветлуваат и очудуваат летните ноќи во Јапонија

Секоја година со доаѓањето на летото, сите ние со нетрпение очекуваме да се случуваат различни возбудливи авантури. Некои од нас оддлучуваат да одат на море, други на кампување во планините. Некои нетрпеливо ги очекуваат епикурејските задоволства како што се лубеницата и сладоледот.

Покрај тоа, летото, тоа жестоко време од годината е создадено за долги ноќни патувања и предавање на неизвесноста и чудесноста на летните ноќи. Затоа, за одредена група на фотографи во Јапонија, летото го сигнализира доаѓањето на светулките. И за многу краток период - обично во мај и јуни, од околу 7 до 9 часот - овие фотографи се сместуваат на тајни локации низ Јапонија, со надеж дека ќе успеат да ги фотографираат магичните инсекти кои ја осветлуваат и очудуваат ноќта.

Едно од нештата кои ги прават овие фотографии толку магични е тоа што тие доловуваат глетки кои со голо едноставно не можат да се видат. Фотографиите обично се композитни, што значи дека тие се комбинираат од 10 до 200 во една иста рамка. Токму поради тоа може да изгледа како илјадници роеви светулки да се собрале во шумата, иако во реалноста се многу помалку. Но, да не заборавиме дека ова се фотографии кои бараат инсајдерски сознанија, опрема, вештина и трпение.

Светулките живеат само десетина дена, и се исклучително чувствителни. Тие реагираат негативно на каква било форма на светлина и загадување, така што се чини дека со самото нивно пронаоѓање, половина од битката е извојувана. Претставуваме избор на најдобрите фотографии за летната сезона за 2016 година.

Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото