1011 hPa
82 %

15 °C
Скопје - Чет, 24.04.2025 08:59
ЗА СИТУАЦИЈАТА
Политиката е курва, ама нашава не е ни за онаа работа.
Александар Чотриќ
Ситуацијата во државава не може да се подобри оти е под контрола.
Јово Николиќ
Прашање на денот е кога ќе изгрее.
Александар Чотриќ
Оптимизмот го подигнавме на повисоко ниво. Толку лудилото зема замав.
Весна Денчиќ
Промените не можат да се случат преку ноќ, но изгледа ни преку ден.
Бобан Милетиќ Бапси
Некогаш бевме една држава, а вредевме за шест. Сега имаме шест држави, а не вредиме ни за една.
Срѓан Симеуновиќ Сендан
ЗА ВОДАЧОТ
Диктатурата е форма на владеење во која диктаторот не владее со себе.
Илија Марковиќ
Зошто се решивме за него, само ѓаволот знае. Него го консултиравме.
Илија Марковиќ
Кога на народот ќе му пукне филмот страдаат каскадерите, оти главниот актер мора да остане жив.
Владица Миленковиќ Влајче
Секоја будала има своја веселба. Нашите имаат и своја држава.
Радивое Рале Дамјановиќ
Многу фактори влијаеа на тоа, и јас да станам некој фактор!
Никола Ч. Пешиќ
Не можеме да ви кажеме кој е нашиот најголем идол бидејќи истрагата сеуште не е завршена.
Јово Николиќ
ЗА ВЛАСТА
Бродот тоне, а стаорците не го напуштаат. Ја преземале командата.
Дејан Тофчевиќ
Овчарите во фотељи најдобро умеат да си ја чуваат работата.
Драган Илиќ
Пресипуваат од шупливо во празно. Така тие ги користат своите мозоци.
Владица Миленковиќ Влајче
Тие ја предизвикаа несреќата. Не сакаа да преминат на наша страна.
Александар Баљак
На кусиот ум многу му е полесно кога ќе чуе дека должината не е важна.
Бојан Богдановиќ
Нема тој мајмун мене да ми држи предавање за човечките права.
Раде Ѓерговиќ
ЗА НАРОДОТ
Сега и ние конечно знаеме на што сме. На лекови за смирување.
Александар Чотриќ
Многумина се удавија оти не сакаа да брануваат.
Александар Чотриќ
Се лажеме самите себе, и тоа е вистината.
Бранислав Ѓокиќ Кан
Кој ќе работи ‒ ако сите си ја гледаат својата работа?
Слободан Живановиќ
Мене враните не ми го испиле мозокот. Партијата беше побрза.
Раде Ѓерговиќ
Нигде не одиме, а сепак стигнавме ‒ до питачки стап.
Небојша Боровина
Веќе не ѝ робуваме на странската пропаганда. Домашната е поефикасна.
Весна Денчиќ
Луѓето кои се напињаат да го одржат достоинството, лесно ги потерува голема нужда.
Живоин Денчиќ
Правдата е посилна од неправдата, а луѓето се секогаш на страната на послабиот.
Павле Ковачевиќ
Нè држат во заблуда благодарение на вратарите поставени таму каде што излез нема!
Живоин Денчиќ
Како кое дете ќе заврши школо, се движи накај запад. Сонце наше!
Срѓан Динчиќ
Избор и превод: П. В.
Слики: Свирачиња
Извор: Artija.net (SatirArt)