По обидот за пуч во Турција: 161 жртва, 1.440 повредени, 2.800 уапсени

16.07.2016 11:24
По обидот за пуч во Турција: 161 жртва, 1.440 повредени, 2.800 уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на конференција за медиумите изјави дека во неуспешниот обид за воен удар настрадале 161 лице, а 1.440 се ранети.

Според неговите зборови, 2.800 припадници на војската се уапсени, а додаде дека ситуацијата е под целосна контрола.

Тој рече дека командата ја презеле воени лица лојални на претседателот Ердоган, но и дека бунтовниците киднапирале одреден број воени команданти со различни чинови.

„И понатаму апсиме. Првата фаза од ова е завршена и ќе бидат преземени сите мерки против оние кои се обидуваат да ја дискредитираат турската држава. Го повикувам народот да излезе на улиците и плоштадите во текот на ноќта“, рече Јилдирим.

Во обидот за воен удар во Турција се убиени 104 пучисти, 47 цивили и 41 припадник на полицијата, изјави шефот на војската Умит Дундар, додавајќи дека бројот на уапсени припадници на турската војска по обидот за пуч изнесува повеќе од 2.000.

Како што наведува AP, станува збор главно за војници со пониски чинови, а околу 200 војници се предале во седиштето на турската војска.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека неговата влада ја има контролата, но како што јавува AP, борби се водат и утрово, а се слушаат и експлозии во Анкара и Истанбул.

Високи функционери од владејачката партија АКП објавија дека се разгледува можноста со законски измени да се врати и смртната казна во Турција.

Извор: B92/Independent