Фабричка пауза

19.07.2016 01:52
Фабричка пауза

- Фабричка пауза -
(глуп расказ бр. 20)

Надвор беше толку студено, што кучињата мјаукаа како канаринци во кланица.

Ти носеше работничка облека исфлекана со нечистотиите на капитализмот, додека пајакот на ѕидот полека се вљубуваше во својата зујлива жртва. Седевме и пушевме цигари. Молчевме. Ни политиката ни времето не успеаја да ја нарушат тишината. Само звукот на трепките, неподнослив и брутален, полека го убиваше мигот на чистата среќа.

 

- Глупа приказна бр. 31 -

Таа ме погледна како облак со вртоглавица кој капе поспано и гладно, и ме натера да ѝ ветам дека ќе престанам да ја љубам после крајот на нашето време.

„Убавината е секогаш страшна“ - ми рече, а нејзините прекрасни очи ѕиркаа како ѕвер во мрачна шума и чекаа сонлива жртва.

Слика: Касиа Дервинска

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото