Говорот на омраза не смее да се игнорира (разговор со Луми Бекири, повеќекратна жртва на говор на омраза)

20.07.2016 02:09
Говорот на омраза не смее да се игнорира (разговор со Луми Бекири, повеќекратна жртва на говор на омраза)

Неодамна, Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ), ги прогласи за основани жалбите на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ против интернет порталите Инфомакс и Журнал за текстот со наслов „ПРОНАЈДЕНО РЕШЕНИЕТО: Љуми Бекири е шиптар, педер, комуњар и соросоид и се предлага како идеално решение за СДСМ“.

(извадок од одлуката на СЕММ)

СЕММ утврди дека со текстовите на порталите се повредени повеќе членови од Кодексот на новинарите на Македонија, вклучително и забраната за употреба на говор на омраза.

Според Коалицијата СЗПМЗ, сè повеќе се користи различната сексуална ориентација и родов идентитет на активисти со цел пресметување со политички неистомисленици и нивно омаловажување и дискредитирање.

Одлуката на Советот за етика во медиумите на Македонија беше повод да разговараме со Луми Бекири, кој е повеќекратна жртва на говор на омраза, не само во медиумите, туку и на социјалните мрежи.

Луми Бекири смета дека говорот на омраза не треба на никој начин да се игнорира:

„И најмалиот и најнезабележливиот говор на омраза што ќе се појави кон мене, јас го користам со моите методи на сарказам, или иронија, или нешто слично, за да укажам дека постои тоа тука и на некој начин да се бориме против тоа.“

Коалицијата СЗПМЗ смета дека говорот на омраза е потребно да се санкционира од страна на институциите на системот, со цел да се превенира и да се обезбеди ефикасна заштита:

„Со оглед на тоа дека Јавното обвинителство сè уште не презема конкретни дејствија за санкционирање на говорот на омраза, сметаме дека во Македонија не постои ефикасен и ефективен начин на справување со истиот, со што, преку молкот се одобрува хомофобијата и трансфобијата од страна на институциите.“

Прилогот е подготвен како дел од проектот „Застапување за слобода на изразување“ на НВО Инфоцентарот и Центарот за развој на медиуми, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на прилогот е одговорност на „Слободна Македонија“ и на авторот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Извор: Слободна Македонија

ОкоБоли главаВицФото