Стартува македонската верзија на Покемон Гоу: Ќе се ловат слободни работни места

20.07.2016 02:18
Стартува македонската верзија на Покемон Гоу: Ќе се ловат слободни работни места

Скопје, 20 јули 2016

Агенцијата за вработување во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ја претстави македонската верзија на мега-популарната игра Покемон Гоу.

Преку апликацијата наречена „Работа! Стоп!“ македонските граѓани ќе можат да ловат слободни работни места.

„Целта на оваа апликација е да се поттикнат сите невработени лица, активно да излезат на улица и да бараат работа во нивната поблиска околина. Знаеме дека Покемон Гоу е многу популарна во светот, но се надеваме дека нашата македонска верзија ќе стане попопуларна од Покемон Гоу. Со оваа апликација, илјадници невработени лица ќе имаат можност за забава, дружење, но и пронаоѓање работно место во некоја од стотиците странски инвестиции“, се наведува во соопштението на АВРМ.

Извор: www.kozanostra.net