Акција за заштита на Аполоновата пеперутка, загрозен вид од Галичица

20.07.2016 14:07
Акција за заштита на Аполоновата пеперутка, загрозен вид од Галичица

Драги пријатели и поддржувачи на ‪#‎OhridSOS, помогнете ни да ја прошириме пораката за заштита на прекрасната Аполонова пеперутка, загрозен вид на кој му се заканува целосно истребување поради неразумните проекти планирани во Национален парк Галичица!

Со донација од 250 денари (за странство 4,5 евра + поштарина) ќе добиете маица со дизајн како на фотографијата (што воедно беше и победнички дизајн на нашиот активист Valdamarr Sveinaldsson на конкурсот на U.S. Embassy Macedonia). Бидејќи во сумата за Македонија не се пресметани трошоци за транспорт и испорака, маичките ќе ги доставуваме герилски по реони :) Доколку сакате да ја поддржите иницијативата на овој начин, ве молиме испратете мејл на ohridsos@gmail.com со следниве податоци:

1. Име и презиме
2. Град во кој живеете моментално
3. Телефон за контакт
4. Големина на маичка
5. Колку маички сакате
6. Фотографија од уплатница по извршена уплата/донација

Маичките ќе ви бидат испорачани најдоцна 45 дена по завршувањето на акцијата за собирање на средствата.

NB: Охрид SOS ги собира средствата за маичките кај граѓанска организација која е една од основачите и членка на иницијативата поради тоа што Охрид SOS не располага со сметка во банка.

ОкоБоли главаВицФото