Нова српска (а ко да е наша) сатира (2) - Водачот е психијатриски случај. Тој е за кауч, а не за фотеља.

20.07.2016 15:28
Нова српска (а ко да е наша) сатира (2) - Водачот е психијатриски случај. Тој е за кауч, а не за фотеља.

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Едни лажат, други крадат, трети пљачкаат. Добро е кога се знае кој што работи.
Илија Марковиќ

Со земјава владее подземјето. Тоа е долниот дом.
Суно Ковачевиќ

Луѓе од подземјето се избориле за најдобри места под сонцето.
Александар Чотриќ

Полицијата не ни е падната толку ниско за да се пресметува со подземјето.
Саво Мартиновиќ

Постојано слушам како животот е скап, а животот овде никогаш не вредел помалку.
Зоран С. Станоевиќ

Во Србија морате да работите како луд за да можете да живеете како целиот нормален свет.
Александар Чотриќ

Економскиот бум нè расфрла насекаде низ светот.
Дејан Тофчевиќ

ЗА ВОДАЧОТ

Водачот е психијатриски случај. Тој е за кауч, а не за фотеља.
Ѓорѓе Латиновиќ

Каков лудак живее во телото на ваков генијален водач.
Дејан Тофчевиќ

Од присутните само јас не се придружив на гонењето оти морав да бегам.
Дејан Тофчевиќ

Претседателот на партијата е потполн идиот, но е одличен политичар.
Весна Денчиќ

На лицето на водачот кому му паднала маската се гледа ликот на народот.
Живоин Денчиќ

Не може да слуша. Го учеле да прислушкува.
Миќа М. Тумариќ

ЗА НАРОДОТ

Ние не правевме историски грешки. Историските грешки нè правеа нас.
Срѓан Јовановиќ

Кукавицата не прифаќа борба. Затоа има еден пораз помалку.
Павле Ковачевиќ

Кога сите би оделе исправено би било многу покомотно.
Павле Ковачевиќ

Слепци на власта со ќорава идеологија водат слабовиден народ!
Зоран Матиќ Мазос

Не сум среќен оти ѝ објавивме војна на мафијата. Добро е познато како сме поминале во претходните војни.
Александар Чотриќ

Минав пекол додека најпосле не сфатив дека во него и се наоѓам.
Срѓан Симеуновиќ Сендан

Нашите политичари имаат чесни намери. Тие сериозно се забавуваат со нас.
Александар Баљак

Што вреди што ние добро градиме кога темелите не можат тоа да го издржат!
Александар Баљак

Постои праг на толеранцијата, но вратата е заклучена.
Светислав Томиќ

Можев да бидам на коњ да не испаднев магаре.
Саво Мартиновиќ

Немам никакви забелешки на специјалецот што ми го прислушкува телефонот. Ме слуша без зборови!
Раде Јовановиќ

Ако крадат оние од врвот не е опасно, но ако крадат оние од дното ‒ го поткопуваат темелот на општеството!
Горан Т. Алексиќ

ЗА ВЛАСТА

Поединечно сме демократи. Во тотал сме тоталитарни.
Александар Новаковиќ

Не ни се исплати да ги враќаме долговите. Ние во тоа не наоѓаме никаков интерес.
Александар Баљак

Полтронот везден е под тронот.
Дарко Жуњиќ Батан

Клан со клан се избива.
Милад Обреновиќ

Ги молиме поединците да не земаат преголема слобода за да ја има и за другите!
Александар Баљак

Мораме да се пресметаме со поединецот. Тие се најопасни.
Весна Денчиќ

Никогаш не ја преземаме одговорноста за она што го правиме. Не сме ние терористичка организација.
Александар Баљак

Избор и превод: П. В.

Слики: Свирачиња

Извор: Artija.net (SatirArt) 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото