Седумнаесет дела на Корбизје на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

21.07.2016 11:58
Седумнаесет дела на Корбизје на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

Седумнаесет зданија проектирани од францускиот архитект, сликар и писател со швајцарско потекло, Ле Корбизје, кој пресудно влијаеше на современата светска архитектура на XX век, во неделата беа додадени на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Меѓу градбите се Maison Guiette во белгискиот град Антверпен, Националниот музеј на западна уметност во Токио, две згради од населбата Висенхоф во Штутгарт, Unité d’habitation во Марсеј, Complexe du Capitole во индискиот град Чандигар и други.

Maison Guiette

„Корбизје имаше пресудно влијание врз современата светска архитектура“, пишува во соопштението на швајцарската влада и се додава дека неговите архитектонски проекти и дела „се исклучителен архитектонски и градежен одговор на општествените предизвици на XX век“.

Complexe du Capitole, Чандигар

„Корбизје е еден од најголемите архитекти на XX век, а неговите дела, пишани и проектирани, влијаеја на големите технички и концептуални промени на подрачјето на архитектурата и урбанизмот во современата светска архитектура. Со примена на нови материјали, како армираниот бетон, стаклото и железото и новите градежни методи, радикално раскина со традиционалните градежни форми во архитектурата. Овие седумнаесет зданија во седум земји се одраз на движењето на модерната, а решенијата кои се применуваа во XX век се одговор на предизвиците на новите архитектонски техники, како и на потребите на општеството. Овие ремек-дела на креативниот гениј исто така докажуваат дека архитектонската пракса се интернационализираше ширум планетата“, пишува на интернет страницата на УНЕСКО.

Unité d’habitation, Марсеј

 

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни Простори / Свет / Култура
Јавни Простори / Култура
Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото