1024 hPa
93 %
-2 °C
Скопје - Пет, 16.01.2026 06:59
Пердувестите грла се собрале на сретсело:
На соседот лисец му треба нација!
Заклучиле да му пратат смело
- Како секогаш - депутација.
Застапниците составиле тело,
таканаречена делегација,
И на државникот му дошле пред чело,
Предавајќи му декларација.
Мајсторот - ко секогаш - дружината
Ја заклал и си спремил ужина,
Сè без збор и без приговор.
Собранието само констатирало
Дека комшијата пак се бламирал
Кршејќи ја смислата на договорот.
Препев: П. В.