Чистки

21.07.2016 13:52
Чистки

Сина џамија, Истанбул, фотографија на Иван Шепиќ

 

Државниот удар во Турција е спречен, сега на ред се чистките.

Во саботата турските војници и полицајци кои во текот на претходниот ден останаа лојални на претседателот Реџеп Таип Ердоган, уапсија 1.000 од своите непријатели, припадници на други безбедносни служби. Истото ќе ги снајде уште илјадници други. Во високо ризичниот свет на турската политика, номинално демократски, а во суштина жестоко авторитарен, губитниците ги чека брза и брутална казна.

Во обидот за државен удар во петокот, не изненадува тоа што не беше успешен, туку фактот дека по неколку години безмилосни пресметки со опозицијата во внатрешноста на турската војска, сè уште опстојува доволно силна фракција да се донесе таква одлука.

Конфликтот беше очекуван. Кога Ердоган во 2003 година прв пат стана премиер, беше голема демократска надеж на исламскиот свет, лидерот со огромна виталност кој ќе му покаже на светот дека отворено исламски политичар може да води стабилна демократска земја и да биде агилен член на НАТО алијансата.

Тие надежи брзо избледеа. Ердоган, кој е претседател на Турција од 2014 година, постапи како Владимир Путин, користејќи демократски институции за за да ја легитимира својата власт, истовремено уништувајќи ги своите противници, со јасна намера да ја задуши и самата демократијата во земјата. Во текот на последните децении тој се стиши, ги маргинализираше и ги собори речиси сите оние кои му се спротивставуваа, вклучувајќи ги и уредниците на весниците, универзитетските професори, хуманитарните работници и дисидентските политичари. (Иронично е тоа што тој, кој затвори толку новинари и ги цензурираше Твитер, Фејсбук и Јутјуб, се спаси така што во текот на ноќта во саботата им се обрати на граѓаните преку социјалната мрежа Face Time.) Американскиот претседател Обама и другите западни лидери, кои Ердоган го сметаат за брана против хаосот во Турција, редовно му попуштаа. Така тој неодамна го протурка законот кој на членовите на парламентот им го одзема на имунитетот од судско гонење. Неговите критичари оправдано стравуваат дека на тој начин ќе ги отстрани неколкуте преостанати пратеници кои сè уште му се спротивставуваат.

А тука е и проблемот со војската. Од основањето на турската република во 1923 година, генералите се сметале за конечни арбитри кои брутално се мешале во политичкиот живот на Турција, доколку според нивното мислење владата станала премногу лева или исламистичка. (По воениот удар во 1960 година генералите го погубија премиерот.) Армијата премногу го презира Ердоган, кој го смета за опасен исламист, но се чини дека сепак не му е дорасната.

Соработниците на Ердоган во 2007 година спроведоа низа судења, познати под името „Чекан“, во кои на многу водечки службеници им беа отстранети лажните докази. Стотици од нив беа испратени во затвор и се чинеше дека војската засекогаш е отстранета од политиката. Ердоган мора да бил изненаден кога видел дека сè уште постои дисидентска струја во војската, доволно силна да го загрози. Во петокот организаторите на воениот удар не го уапсија Ердоган, ниту пак сериозно размислуваа за насилно влегување во претседателската палата. (За време на воениот удар во 1980 година беа убиени илјадници и затворени десетици илјади луѓе.) Ослабената армија наскоро ќе биде под целосна контрола на Ердоган, како и сите други институции во земјата.

За време на своето драматично појавување во ноќта меѓу петокот и саботата, на аеродромот Ататурк во Истанбул, Ердоган за побуната го обвини проповедникот од американската емиграцијам, Фетулах Ѓулен: „Ова му е порака од Пенсилванија. Доволно ја предаде оваа земја. Врати се ако се осмелуваш.“

Ѓулен, стариот свештеник кој е предводник на едно од глобалните исламски движења, побегна од Турција во 1999 година поради страв од апсење од страна на армијата. Со години беше еден од најблиските сојузници на Ердоган помагајќи му да дојде на власт. Додека Ѓулен јавно проповедаше љубов и толеранција, тој и неговите следбеници отсекогаш беа обвиени со превезот на мистерија.

Со текот на годините неговите приврзаници влегуваа во многу турски институции, особено во судовите и полицијата. (Токму ѓуленистите водеа монтирани процеси против припадници на војската и новинари.) Американскиот амбасадор Џејмс Џефри, во 2008 година напиша извештај за инфилтрирањето на ѓуленистите во турската национална полиција: „Тврдењето дека ѓуленистите ја контролираат турската полиција е тешко да се докаже, но никој не го демантира.“

Потоа, во 2013 година во борбата за власт дојде до судир помеѓу Ердоган и Ѓулен. Во наредните години Ердоган ги исчисти судовите и полицијата од илјадници мажи и жени кои се претпоставуваше дека му се лојални на Ѓулен. Не можеме да знаеме дали Ѓулен стои зад последниот обид за воен удар, но веројатноста е мала. Иако неговите приврзаници најмногу ги има во безбедносните структури, се смета дека тие немаат значајна улога во војската. Се чини дека полицајците кој го предводеа бунтот се остатоци од секуларниот дел од војската. Сега тие се готови.

За време на својот говорот на аеродромот во Истанбул, обидот за воен удар Ердоган го нарече „дар од Бога“. Тој веќе долго време се обидува да го смени уставот и да стекне речиси апсолутна моќ. Сега никој нема да го сопре.

Извор: The New Yorker, 16.07.2016.