Ограда за Доналд Трамп

21.07.16 15:16

Кога Доналд Трамп помпезно најави дека сака да изгради ѕид на јужната американска граница, веројатно мислеше на нешто поголемо од ова. И сигурно не очекуваше дека ѕидот ќе биде изграден околу неговата холвидуска ѕвезда. Но, токму тоа се случи, кога неодамна во Лос Анџелес уметникот кој работи под псевдоникот Пластичен Исус изгради ѕид околу златната ѕвезда на Трамп на Булеварот на славните.

На ѕидот има и минијатурен јарбол со знаме, бодликава жица и знаци на кои пишува „keep out“. Освен тоа, на ѕидот е испишан и мини графит со содржина „престанете да ги правите славни глупавите луѓе“.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото