Нова српска (а ко да е наша) сатира (3) - Кружат приказни дека се вртиме во круг

23.07.2016 18:13
Нова српска (а ко да е наша) сатира (3) Кружат приказни дека се вртиме во круг

ЗА ВОДАЧОТ

Стана татко на нацијата. На народот му ја еба мајката.
Миќа М. Тумариќ

Нашиот водач извојува победа, но народот никако не сака да го признае поразот.
Срба Павловиќ

Говорот на претседателот сите внимателно го слушаа. Баронот Минхаузен дури фаќаше и белешки.
Ѓорѓе Оташевиќ

Упаднав во жива песок. Тоа е доказ дека овде сеуште има живот.
Ѓорѓе Оташевиќ

Нашиот водач е пресметлива личност. Поседува шесто сетило, ја познава седмата уметност, а се однесува како осми патник.
Владица Миленковиќ Влајче

Мене не ми е тешко да направам будала од себе. Имам добра појдовна основа.
Дејан Милоевиќ

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Кружат приказни дека се вртиме во круг...
Нинус Несторовиќ

Кај нас не важи законот на џунглата. Ние сме пустина.
Слободан Симиќ

Борците кои имаат храброст да влезат во минско поле отскокнуваат од другите.
Нинус Несторовиќ

Судовите можат да се исперат само ако се извлечат од машината.
Вељко Рајковиќ

Паднавме на ниски гранки, кога поединци ја разгранаа работата.
Жељко Марковиќ

Должни сме ко Грчка, нè растурија ко бугарска скупштина. Ете што ни нуди членството во ЕУ.
Ѓорѓе Латиновиќ

Го решив станбеното прашање. Одговорот е: немам!
Дејан Тофчевиќ

Не сме ние мачкина кашлица. Станува збор за потешка болест.
Ѓорѓе Латиновиќ

Фантомите на минатото се духот на нашето време.
Дејан Тофчевиќ

ЗА ВЛАСТА

Кога политичарот ќе даде збор никој не чувствува добивка.
Весна Денчиќ

За бродот што тоне не се проблем старците што заминуваат туку ајкулите што доаѓаат.
Срѓан Динчиќ

Кај нас не постои парламентарна криза. Сите редовно ги земаат лековите.
Весна Денчиќ

Ако нè слушате, ќе можете да правите што сакате.
Александар Баљак

Не ги превртувајте зборовите на политичарите. Од другата страна нема ништо!
Борислав Митровиќ

Нормално е да имаат проблеми со буџетот оние кои не знаат што да прават со парите.
Тома Ракијаш

ЗА НАРОДОТ

Вистината исплива на површина. Не сакаше со нас да тоне.
Дејан Тофчевиќ

Се оградив од вистината и се прогласив за овца.
Александар Новаковиќ

Никогаш не би посакал да бидам дворска будала. Своја куќичка, своја слободичка!
Вељко Рајковиќ

И како гомна сме никакви. Не сме им ни до грло.
Вељко Рајковиќ

Доведени сме во заблуда. Тука се чувствуваме најдобро.
Дејан Тофчевиќ

Ласкајте им на глупите дека попаметниот попушта. Можеби ќе упали.
Борислав Богдановиќ

Држам до себе. Двоцевка.
Владица Миленковиќ Влајче

Благодарение на историското наследство, ние сме сиромашен народ.
Слободан Симиќ

Со слатки зборови најдобро се соли памет.
Срѓан Динчиќ

Разумот ми говори и политичарите ми говорат. Извинете, не можам истовремено да ве слушам.
Тома Ракијаш

Лесна мета сме за крупни промашувања.
Дејан Тофчевиќ

Историјата на нашата болест е долга, но болеста на нашата историја е неизлечива.
Ѓорѓе Латиновиќ

Избор и превод: П. В.
Слики: Свирачиња
Извор: Artija.net (SatirArt)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото