Скулптури од листови декорирани со везови

25.07.2016 12:31
Скулптури од листови декорирани со везови

Уметницата Сузана Бауер додава мали везови од памучно предиво на крутите рабови на големите суви листови од магнолија, за да создаде фасцинантни скулптури кои претставуваат фина комбинација од природниот и вештачкиот свет. Кревкоста на самиот медиум, сувите лисја на магнолијата, е доволна за да предизвика двоен ефект кога прв пат ќе се видат овие мали интервенции, а погледот одблиску го открива совршенството во изработката на шевовите на Бауер, и нејзиниот вложен труд и големо трпение.

Некои од нејзините дела се речиси шокантно реалистични, и се чини како растенијата природно да израснале на тој начин. Но, има и поигриви дела, чии дополнувања или скратувања ја реорганизираат градбата на листовите на неочекувани начини.

Сите скулптури кои можат да се видат овде се создадени во последните неколку месеци. Делата на Бауер се изложени во The Centre for Contemporary Art and the Natural World, а нејзината изложба е насловена Leaf Works.

Извор: www.thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото