Дејвид Лоу

28.07.16 00:32

Сер Дејвид Александар Сесил Лоу (7 април, 1891-19 септември, 1963) е политички карикатурист од Нов Зеланд кој живеел и работел во Велика Британија. Лоу бил самоук карикатурист. Роден во Нов Зеланд, работел во својата родна земја сè додека не мигрирал во Сиднеј во 1911 година, и на крајот во Лондон (1919), каде што ја гради својата кариера и стекнува слава со претставите според својот Colonel Blimp и безмилосното сатиризирање на ликовите и политиките на германскиот диктатор Адолф Хитлер, италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, советскиот диктатор Јосиф Сталин, и други лидери од тоа време.

Првото дело на Лоу е објавено кога имал само 11 години, а професионална кариера започнува во The Canterbury Times во 1910 година. Следната година се сели во Австралија и работи за весникот The Bulletin. Неговите дела го привлекле вниманието на Хенри Кадбери, еден од сопствениците на The Star, по што Лоу се сели во Лондон во 1919 година, и работи за тој весник до 1927 година, кога се вработува во Evening Standard. Таму го создава своето најпознато дело, хроника на подемот на фашизмот во 1930 година, политиката на попуштање, и конфликтот во Втората светска војна. Неговите цинични претстави на Хитлер и Мусолини доведуваат до тоа неговите дела да бидат забранети во Италија и Германија, а тој да се најде на страниците на Црната книга.
Непредвидливите расположенија на Хитлер, ноември, 1939 година


Погледот на Хитлер секогаш беше свртен кон исток, 25 ноември, 1939 година


Лоу предвидува дека војната меѓу Русија и Германија, порано или подоцна ќе заврши, 21-ви октомври, 1939 годинаНорвешка нападната од Германија. Норвешка испраќа железна руда во Германија.

Додека војските на Хитлер се движат низ Белгија во 1940 година, мртвите Германци од 1914-1918 ги советуваат да престанат да го прават тоа.


Во октомври 1941 година, германската војска стигнува во предградието на Москва.

Масовните убиства во Русија

Хитлер станува сè пофрустриран откако нештата во Русија почнуваат да се одвиваат од лошо кон полошо. Германските војници се борат со извонредна храброст, решителност и безмилосност, но Хитлер не е задоволен. За време на последните денови од неговиот живот тој ги истура своите фрустрации на Вермахтот.

Битката во Сталинград. Германската пропаст почнува од тука. 

Германците наоѓаат засолниште во Сталинград.


Излегува дека Источниот фронт е гробишта за германските војници.

Хитлер го спасува Мусолини иако тој беше соборен од страна на Италијанците.


Црвената армија влегува во Берлин.


На нацистичка Германија ѝ се гледа крајот. 

Извор: poisonpage.blogspot.mk

ОкоБоли главаВицФото