Не би се зачудил ако МВР намерно не „проблематизира“ гласачи што не ѝ се допаѓаат на власта

28.07.2016 10:14
Не би се зачудил ако МВР намерно не „проблематизира“ гласачи што не ѝ се допаѓаат на власта

Повторно на оној дел од избирачкиот список за кој се потребни дополнителни проверки, се наоѓаат куп активисти, лица критички настроени кон власта, новинари, лица блиски до опозицијата, од СДСМ итн.

Исто како и пред неколку месеци. Податоците за избирачкиот список ДИК ги добива од МВР. Ич не би се зачудил, ама баш ич, ако МВР намерно не „проблематизира“ гласачи што не ѝ се допаѓаат на власта. Ем од пропагандни причини, за да се добие впечаток дека фантомски, проблематични гласачи се само оние за СДСМ, ем за да мора тие луѓе да одат во ДИК да се пријавуваат наново, иако живеат на исто место со децении.

А, оние што нема да се пријават да не можат да гласаат. Не е никаков проблем од 39.000 проблематични гласачи, да стават пар илјади симпатизери на опозицијата и дел од нив да не знаат ни дека се проблематични, да не се пријават и на крај да не можат да гласаат.

Само да потсетам дека на изборите 2014, МВР ноќта пред гласањето нареди на над 100 полицајци за кои се сметаше дека би гласале за опозицијата, да одат на граница, по караули, за да не можат да гласаат. Така што, намерното „проблематизирање“ на непроблематични гласачи не е никаков проблем - кога немаш никаква совест.

Слика: Свирачиња

Извор: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото