Трајно загаден список

29.07.2016 12:22
Трајно загаден список

Засега нема ни пофален збор, ни некој што е убеден дека списокот со 39.502 спорни гласачи, што го објави Државната изборна комисија, ќе поправи некоја важна аномалија во таканареченото чистење на Избирачкиот список. Напротив, списокот отвори многу спорни моменти: некој што сакал да провери дали го има неговото име е револтиран зашто не можел да го „отвори“ (отежнат пристап), друг е бесен, па реди сè по список, зашто воопшто е ставен во ситуација да се бара дали е тука, кога со децении не мрднал од местото на живеење и гласање, на трет целата акција на бришење фантоми му изгледа како ловење покемони...

Но, од сите тие техничко-технолошки проблеми во врска и со запишувањето и со бришењето спорни гласачи, за одржувањето регуларни, фер, демократски, кредибилни... (за покојникот сè најдобро) избори ќе биде пресудно тоа што некои имиња ќе останат не само на списокот, туку можеби и на кандидатските листи. Што се фантомите полоши од владетелите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Мартин Протогер...? На сите што слушнаа како тие организирале „фер избори“ сега секој список на кој ќе ги видат им станува спорен од здравствени причини - им се гади. Освен единствениот, тој што ќе им овозможи правото на глас - кое ни на вакви никој не може да им го одземе, за жал - да го искористат ден порано (сабота), во некој КП-дом.

Слика: Свирачиња

Извор: Слободен Печат

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото