1025 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 05:59
Foodsharing станува сè поактуелна тема во денешното општеството, а токму пред заминувањето на летните одмори се фрла најмногу расиплива храна. Поради тие причини, во многу виенски населби од ова лето постојат јавни фрижидери во кои таа храна се складира за потоа да се подели со другите граѓани.
Според официјалните податоци, домаќинствата во Виена фрлаат 70.000 тони или 7.000 камиони полни со прехранбени производи во отпад, количина која всушност, на многу едноставен начин би можела да се намали. Станува збор за храна во вредност од 400 евра по домаќинство.
Иницијативата за поставување на ваков тип ладилници на јавни места, ја покренала виенската организација Foodsharing. Ладилниците се бесплатно достапни за секого, а различните хуманитарни и еколошки организации се задолжени за одржување на нивната чистота и проверка на исправноста на храната.
Според едно истражување од 2012 година, во Австрија годишно се фрлаат 157.000 тони храна, што е 19 килограми храна по лице, или 300 евра по домаќинство. Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство, после тоа сознание ја покрена иницијативата „Храната е вредна“, со цел фрлањето на храна до крајот на 2016 година да се намали за 20%, а во мај 2015 година, Советот на град Виена покрена законски мерки, кои според примерот на Франција и Белгија ќе го регулираат непотребното фрлање на употребливи намирници. Крајната цел е двојно помала количнина на храна во отпад до 2025 година.
Извор: The Huffington Post