1024 hPa
93 %
9 °C
Скопје - Чет, 05.03.2026 11:59

Реканскиот крај е еден од најраселените во Македонија. Од некогаш големите и бројни села денес слабо населените места во Река се полни само во текот на летниот период.
Со уметничко-активистичката акција „Патокази“ група „герила уметници“ (позната и по сличните акции во Скопје) сакаат да му помогнат на локалното население и да алармираат за една од најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето.
.jpg)
Во просторот герила уметниците поставија информативни табли-патокази. На таблата (таблите) покрај нaсокатa и рaстојанието до одреденото село во километри, поставени се и информации колку луѓе се иселиле од тоа село во изминативе 20 години и колкав процент од вкупното население е иселен во странство.

Акцијата е наменета за поддршка на локалните НВО-а и месните заедници; да им помогне да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горлив проблем во реканскиот крај.

Акцијата е помогната од програмата Цивика мобилитас - проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.“