Венчавање

01.08.2016 12:40

Ветрот дува од спротивни полови,
и бавно патува.

Таа се врти во длабочините на воздухот.
Тој чекори во облаците.

Таа се подготвува,
ја протресува косата,

ги шминка очите,
се насмевнува.

Сонцето ги грее нејзините заби,
врвот на нејзиниот јазик ги навлажнува.

Тој ја четка прашината од костумот
и си става кравата.

Тој пуши.
Набрзо ќе се сретнат.

Ветрот сè повеќе ги приближува.
Си мавтаат еден на друг.

Блиску се, сè поблиску.
Се прегрнуваат.

Таа го мести креветот.
Тој ги соблекува панталоните.

Тие се венчаваат
и добиваат дете.

Ветрот ги носи
во различни насоки.

Ветрот е јак, мисли тој
додека си ја затега краватата.

Го сакам ветров, вели таа
додека го облекува фустанот.

Ветрот е сè поопфатен.
Ветрот им е сè.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото