Белата роза

01.08.2016 19:44
Белата роза

На Хистори ченел ја гледав филмуваната сага за акцијата „Белата роза“, подвигот на групата околу Софи Шол и нејзиниот брат Ханс, бестрашни младинци кои во 1943, во пресвртните моменти на Втората светска војна, распространуваат низ Минхен, Улм, Штутгарт и други германски градови, памфлети со драматичната вистината за режимот на Хитлер и за катастрофата во која тој ги води светот и германската нација, посебно.

Три работи се битни и во филмот и во историската вистина за Софи Шол и другарите:

Прво, спремноста да се преземе ризик, да се влезе во опасност од највисок степен, во името на општото добро.

Второ, сознанието дека очигледноста на блиската катастрофа - што за нацистичка Германија кај сите нормални луѓе била факт веќе по Сталинградската битка - автоматски не ги мобилизира луѓето против катастрофата туку го засилува единството на патот на нестварното страдање и смрт.

Трето, катастрофата на Третиот рајх ги потврди стравувањата на Софи Шол и нејзините другари, а историскиот развој им пружи задоцнета но целосна сатисфакција.

Мачно ми е кога ќе дојде ред такви стравопочитни подвизи да ги контекстирам во срањево на вмровскиот режим, но не можам да одолеам и ќе кажам:

Не очекувајте дека општеството ќе се обедини во борба против режимот затоа што тој режим ја води земјата во катастрофа!

Уште помалку дека тоа ќе се случи на некакви фер и демократски избори.

Режимот мора да се смачка можеби не така како што сојузниците го смачкаа нацифашизмот, но темелно и без остаток - сигурно!

Катастрофата кон која нè води режимот е неопислива, нема да се спасат ни тие што мислат дека нема да учествуваат во трагедијата. А ни тие што мислат дека можат да се спасат така што ќе кохабитираат и ќе коегзистираат.

Режимот на вмро/дуи е детска градинка во однос на режимот на нацистите во 1943 година.

Погледнете си го филмот пред да се вклучите во вестите на Шител односно пред почетокот на новата епизода од некоја лигава турска серија. Особено, пак, пред да ви кажат дали е продукцијата Ердоганска или Ѓуленска.

Можеби ќе добиете некаква инспирација.

Баталете го Илинден и сличните глупости со кои во неподносливи континуитети прават од вас будали кои уживаат во кобајаги славното минато за да можат тие и нивните фамилии да уживаат денеска и во иднина.

Софи Шол, брат и Ханс и Кристоф Пробс, се откриени по едно невнимание и се гилотинирани.

Слика: Свирачиња
Извор: Фејсбук