Црно море

03.08.2016 16:18

Една ведра ноќ додека другите спиеа, се искачив
по скалите на покривот од куќата и под небото
проникнато со ѕвезди, се загледав во морето, во хоризонтот,
во крестите на брановите носени од ветрот, што се преобразуваа
во парченца чипка фрлени во воздух. Стоев така во долгата,
шумна ноќ, и чекав нешто, некој знак, појава
на далечна светлина, и те замислував како приоѓаш сè поблиску,
темните бранови на твојата коса се мешаа со морето,
и темницата се претвори во желба, а желбата во надоаѓачка светлина.
Твојата близина и моменталната топлина додека стоев
на таа осамена височинка гледајќи го бавното заплиснување на морето
и неговото кршење од брегот додека кратко се претвора во стакло и исчезнува...
Зошто верував дека ќе се појавиш од никаде? Зошто би,
со сето она што светот ти го нуди, дошла само зашто јас бев тука?

Превод: П. В.

Оригиналната песна

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото