Портрети кои ја прикажуваат универзалната убавината на децата со посебни потреби

04.08.2016 12:14
Портрети кои ја прикажуваат универзалната убавината на децата со посебни потреби

„Гледај со очите. Види со срцето“ е пораката за која фотографката Стефани Муловни се надева дека светот ќе ја прими набљудувајќи ги нејзиниите портрети.

Специјализирана за фотографирање деца со пречки во развојот, таа го почнала проектот Paper Dolls Photography за покаже дека сите деца (и возрасни), без исклучок, се убави. Муловни објаснува: „Постојат толку негативни конотации поврзани со луѓето со посебни потреби и толку погрешна визија за она што општеството го смета за „прифатливо“ и / или „совршено“. Мојата цел е преку овие фотографии да се промени перцепцијата за тоа како личностите со посебни потреби се перцепираат.“

Муловни ги има почувствувано од прва рака тешкотиите кои доаѓаат кога детето е родено со хендикеп. Нејзината ќерка, Хана Грејс е родена со Даунов синдром. „Во моментот кога ја положија на моите гради, знаев“ – вели таа за раѓањето на Хана. „И знаете што? Ја сакав уште повеќе.“

За жал, сопругот на Муловни не го чувствувал истото и ја оставил со бебето, нарекувајќи го детето „дефектно“. Со месеци Муловни била оставена како самохрана мајка со никакви приходи, потпирајќи се на љубезноста на роднините и WIC системот за храна и сместување.

„Се чувствував беспомошно и очајно бидејќи сакав да обезбедам подобар живот за Хана Грејс“ – вели Муловни. Едно од нештата кои правеле да се чувствува подобро и да има сила да ја издржи борбата, било фотографирањето на нејзиното дете. Користејќи го нејзиниот iPhone, знаела на направи „буквално стотици слики за да му покаже на светот дека таа навистина е убава.“

Фотографката добила позитивни одговори од онлајн заедница со која ги споделила нејзините слики со. Одеднаш, семејствата со слични ситуации почнале да ги споделуваат своите приказни со неа. Тие сакале да им направи портрети и на нивните деца.

Муловни овој проект го почнала со гоелма страст, професионално користејќи ги свите фотографски вештини. Преку нејзиниот iPhone дипломирала на Nikon 85 и секогаш фотографира во природна светлина, но нејзините субјекти се оние кои го носат вистинскиот сјај.

Убавината на портретот е во тоа што тој бара гледачот буквално да зјапа во очите на другиот, што претставува момент на интимност кој повеќето луѓе се обидуваат да го избегнат. Едно од задоволствата во работата со деца со посебни потреби, вели таа, е нивната чистота.

„Тие се природни, и кај нив не постојат маски. Знам дека кога ги фотографирам нив, сликата ќе биде совршена и верзија која намногу се доближува до најдобрата верзија на самите нив“ – вели Стефани, зборувајќи за своите клиенти со најголема почит. „Тие се такви какви што сè цело време, и тоа е она што најмногу го сакам кај нив. Другите ги перцепираат како луѓе, а не како етикети, па зошто и тие да не заслужуваат да бидат видени на истиот начин?“

Портретите на оваа фотографка инспирираа семејства од целиот свет да дојдат и да се фотографираат кај Миловни, што е токму како што таа сонувала да биде. „Секоја фотографија раскажува приказна“ – вели таа. „Секоја приказна допира нечие срце. И кога срцето е допрено, тоа се менува, и кога срцето доживува промена, истата таа промена се случува и во умот“.

Извор: www.digitalrev.com