Серијата „Сексот и градот“ е ХИВ вирус за браковите!

04.08.2016 11:59
Серијата „Сексот и градот“ е ХИВ вирус за браковите!

„Сексот и градот“

Серијата „Сексот и градот“
е ХИВ вирус за браковите и врските ширум целиот свет.
Од жените направи неблагодарни аздисани кучки
а од мажот лажно направи најголем непријател на жената.
Затоа милиони жени лунѕаат сами по светот,
затоа милиони бракови и долги врски се распаднати.


Политика на радио

Многу е заебано
да слушаш вести на радио
и да возиш во Македонија.
А слушнеш некој ВМРО-вски бисер
почнува да ти трепка лево око
и почнуваш да се тресеш
и гласно да пцуеш,
фрлаш вода преку прозор,
лупаш во воланот,
газиш на гас потсвесно,
сè што вози
или оди пред тебе
се крсти
мислејќи дека се работи
за психопат кој не си ги зел апчињата.
Имаш среќа ако ти се погоди
некоја рокерска песна
со жесток ритам
па со пеење едно пола саат
се празниш некако
и ако имаш добри гуми на колата
со добри шари
можда нема да се утепаш
или да утепаш некого по пат.
За безбедноста во сообраќајот
може треба да се забрани
политика на радио,
прејако е ова луѓе,
превише е!!!

Почина Димитар Мирчев

Почина Димитар Мирчев.
При крајот на животот се продаде на режимот
и се избрука за век и веков. А пред тоа
имаше значителен придонес
за македонската дипломатија и либерална мисла.

На Мактел нема политичка коректност.
Оние кои му служеле на режимот и на лудаците за грст грошеви,
ќе бидат покажани со прст. Кај нас нема милост.
Време е да престанеме да бидеме нежни
кон оние кои газеа по нашите тела за да се качат во лимузините
и за да седнат на богатите астали полни со јадење и пиење
додека ние бевме тепани, затварани и гладни
поради нашите политички ставови!

Додека нашите објекти ги креваа со динамит, додека нè апсеа,
и нè тепаа со шипки, додека нè бркаа на улица
и нè оставаа да гладуваме со жени и деца дома гладни,
многу копилиња се продадоа за функции, грантови за книги,
пари под маса. Тоа нема да им биде заборавено никогаш,
и додека се живи и додека се мртви!


Путин, Ердоган и наш Грујчо

Путин, Ердоган и наш Грујчо така се фатиле за фотељата
што ќе треба хируршки да ги одвајаме од неа
како што се одвајаат сијамски близнаци.

Се претставија како богови, татковци на нацијата,
нешто што не си го дозволија Камерон и Обама.
Двајцата се само слуги на народот и на славните си земји
кои некои други ги создале со крв пот и солзи.

Нашиот Грујо дојде на готово
а се прави како сè е да почнува од него,
како земјава мајка му Нада да ја донела во куфер од Либија
за он сега да си игра и да ја расте и гази како кондура.

Егото и алчноста на политичарот -
тоа е најстрашното за една земја и за еден народ!
Пострашно и од најголем земјотрес и од најголема поплава!

Мишко против Никола Поповски

Од цела емисија од еден час
Мишко имаше
само еден светол момент
кога ги спомена бомбите.
Сè друго беше
фино меко понашање,
цвилење како кутре
додека Никола Поповски
лупаше такви глупости
што емисијата ми се виде
како Кољо да имаше
една кофа со гомна на масата
и на секои три-четири секунди
како да бркаше во тоа кофата
и да вадеше по едно
големо гомно растечено
и да фрлаше по целото студио,
накај камерите, накај Мишко
- го гаѓаше дирек у глава,
му течеа гомна на Мишко
низ врат и по масата
- и пак ништо:
Поповски си цепаше
лагано цел саат
реклама БЕЗ ПАРИ
на опозициска телевизија,
се правеше мутав
и удрен со мокра чорапа,
сè било шпекулација,
вака било така било,
ништо страшно,
ова она дрн мрн,
а Мишко или ќутеше
или поставуваше некакви
фини меки прашања.
Потоа си се поздравија,
си отиде човекот,
а ние останавме
да зјапаме во телевизорот
и да се чудиме:
ШТО СЕ СЛУЧИ ЧОВЕЧЕ,
ДАЛИ Е ОВА МОГУЧЕ?!?
Да сум му шеф на Мишко
плата за јули не би му дал!

Слики: Свирачиња