Додворување

05.08.2016 14:48

Една девојка ти се допаѓа па ѝ велиш
дека имаш голем пенис, но дека никако не се решаваш
да почнеш да го користиш. Неговите барања се смешни, ѝ велиш,
дури се самопоразувачки, но сепак некако треба да бидат исполнети,
брзо, незабележливо, во мрак.

Кога таа ги затвора очите ужасната,
ти сè порекнуваш. Ѝ велиш дека и самиот
речиси си девојка и дека можеш да разбереш зошто е шокирана.
Кога е подготвена да замине, ѝ велиш
дека ти и немаш пенис, дека не знаеш

што ти дошло. Паѓаш на колена.
Таа ненадејно се наведнува да те бакне во рамото и ти знаеш
дека си на прав пат. Ѝ велиш дека сакаш
да имаш деца и дека поради тоа си збунет.
Се муртиш и го проколнуваш денот кога си се родил.

Таа се обидува да те смири, но ти губиш контрола.
Посегаш по нејзините гаќички и молиш за простување дур го правиш тоа.
Таа се прпелка а ти завиваш небаре волк. Твојата страст е
голема. Знаеш дека ќе ја имаш.
Освоена на јуриш, таа е девојката што ќе ја ожениш.

Превод: П. В.

Марк Стренд (1934-2014) е американски поет, есеист и преведувач. Роден е во Канада, но во раното детство се преселил во САД. Објавил дваесетина поетски книги, неколку книги со раскази, книжевна критика и една книга за деца. Добитник е на повеќе важни книжевни награди, меѓу кои и Пулицеровата награда (1999). Предавал англиски јазик и компаративна книжевност на петнаесетина универзитети.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото