На почетокот на Олимписките игри во Рио, потсетуваме на едно од најславните видеа на извонредниот француски „лудак“ Реми Гајар. Спортските дисциплини во негова изведба изледаат фантастично!
Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност
Кога Мицкоски лета дронови додека чисти ѓубре и нè уверува дека во реформите сме далеку пред Црна Гора и Албанија, само ЕУ никако да види, тоа не е глупост на човек што страда од делузија, туку политичка тактика. Политичката стратегија на денешното ДПМНЕ не е ништо друго, освен менаџирање на очекувања (празни контејнери како ултимативна цел), превентивно смислување изговори (ЕУ не нè сака) и создавање илузија на напредок (наводно завршени ЕУ реформи).
Политичарите менаџираат со нашите очекувања, не само реторички, туку и структурно. Преку спуштање на критериумите, така што не се занимаваме со суштински теми, како сообраќај, инфраструктура, јавни површини и паркинзи, туку само и исклучиво со ѓубре. Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност.