Рио 2016: фотографии од отворањето на Олимпијадата

06.08.2016 15:06
Рио 2016: фотографии од отворањето на Олимпијадата

Триесет и првата Олимпијада која годинава се одржува во Рио де Жанеиро беше отворена синоќа со спектакуларна свеченост, на која доминираше шаренилото карактеристично за Бразил. Церемонијата беше фокусирана на бразилската историја и култура, а беа испратени и пораки за грижа за животната средина. Настапите на пејачите, светлосните ефекти, Парадата на нациите, мултимедијалните перформанси и неизоставната самба беа дел од богатата програма на спектаклот на стадионот Маракана. Во продолжение, претставуваме дваесетина фотографии од отворањето на ОИ 2016.

 

Огномет над покривот на стадионот Маракана на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Рио 2016; Фото: Патрик Смит.

Перформери придвижуваат огромна кукла-пајак на отворањето на Игрите; Фото: Роберт Ф. Букати.

Танчари изведуваат сложена кореографија на стадионот Маракана; Фото: Маркус Шрајбер.

Визуелизација на мапата на Рио де Жанеиро и макета од фавела; Фото: Фабрицио Бенш.

Актери изведуваат точка - конструкција на фавели во Рио; Фото: Тим де Ваеле.

Танчари со настапуваат со прскалки и пиротехника; Фото: Леон Нил.

Супермоделот Жизел Бундхен како дел од свечената церемонија; Фото: Џемји Сквајр.

Танчари настапуваат на стадионот Маракана; Фото: Џуел Самад.

Танчар ја изведува точката „Едноставната идеја може да помогне многу“; Фото: Џејми Сквајр.

Гледачи светат со мобилните телефони, како дел од шоуто на отворањето на Олимпијадата; Фото: Езра Шо.

Огномет над стадионот Маракана; Фото: Ричард Хеткот.

Жители на Рио ја гледаат церемонијата на отворањето на ОИ на телевизија; Фото: Рикардо Мораес.

Член на делегацијата на Јужна Кореја се смее за време на отворањето на Игрите; Фото: Леон Нил.

Тимот на Канада дефилира на стадионот Маракана; Фото: Патрик Смит.

Мајкл Фелпс го носи знамето на САД на отворањето на Олимпијадата. Фото: Мет Слокам.

Членови на тимот на Кина пристигнуваат на стадионот Маракана; Фото: Дејвид Џ. Филип.

Роуз Локонуен Натике го носи знамето на Бегалскиот олимписки тим на отворањето на Олимпијадата; Фото: Џае Ц. Хонг.

Членови на делегацијата на Јужноафриканската Република танцуваат на Парадата на нациите на Маракана; Фото: Леон Нил.

Танчарки играат самба; Фото: Вилијам Вест.

Млади девојки и момчиња изведуваат кореографија; Фото: Камерон Спенсер.

Бразилскиот тенисер Густаво Куертен го носи олимпискиот факел на Маракана; Фото: Оливие Моран.

Стотици новинари и спортисти ја фотографираат Хортенсија Маркари додека го носи олимпискиот факел; Фото: Вилијам Вест.

Вандерлеи Кордеиро де Лима го пали олимпискиот оган со факелот; Фото: Џуел Самад.

Контраст - спектакл на Маракана и сиромаштија во фавелите во Рио; Фото: Марио Тама.


Извор: The Atlantic

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија / Живот / Спорт / Настан

ОкоБоли главаВицФото