Здружението „Тодор Александров“ – љубители на нацизмот и гушкачи на Хитлер

06.08.2016 15:37
Здружението “Тодор Александров” – љубители на нацизмот и гушкачи на Хитлер

На вчерашната прес-конференција СДСМ Крушево потсети дека одговорноста за сквернавењето на прославата на Илинден, празникот со најзначајно место во историјата на Македонија на Мечкин Камен, вчера и официјално ја презеде здружението „Тодор Александров“:

„Јавноста има право да знае кои и какви лица ја задушија прославата на Мечкин Камен и свиркаа кон опозицијата на Илинден, лажно претставувајќи се како македонски патриоти.

Како неформален лидер на здружението 'Тодор Александров', кој носеше транспарент со неговиот лик на Илинденскиот марш, се јавува лицето Љупчо Ѓоргиевски, вработено во ЕЛЕМ, од Битола.

Лицето Љупчо Ѓоргиевски, кое се претставува дека работело во ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не ја крие својата приврзаност кон фашизмот и фашистите.

Неформалниот водач на здружението кое се крие зад името 'Тодор Александров' отворено објавува нацистички симболи и расистички пораки.“

СДСМ укажува на објавување фашистички фотографии од Мусолини со слоганот „Подобро да живееш еден ден како фашист, отколку 100 како комунист“:

СДСМ укажува дека се објавуваат „фотографии од Хитлер, а и од членови на неговото здружение како ја гушкаат восочната фигура на Хитлер.

Најстрашно од сè, објавува фотографија на дете со нацистички поздрав и објаснување 'SS jungen'!!!“

Членот на здружението „Тодор Александров“ кое обвинува за „сквернавење споменици“ има објавено и фотографија како уринира врз споменик на Тито.

СДСМ укажува дека се објавуват фотографии од членови на здружението „Тодор Александров“ фотографирани со автоматско оружје пред партискиот амблем на ВМРО-ДПМНЕ и фотографии со пиштол и кама:

Според СДСМ, „лицето Љупчо Ѓоргиевски објавува и фотографии од кои се гледа дека е обожавател на соработникот на нацистите Иван Михајлов, кој ја негираше посебноста на македонскиот народ.

На една од фотографиите од музејот на ВМРО во Штип, Љупчо Ѓоргиевски ја „тагира“ соработничката на Михајлов Вида Боева Попова, а под неа добива одговор „Поклон“ од профилот на Вида Боева Попова.“

СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението „Тодор Александров“ на Илинденскиот марш заради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ:

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од т.н. 'патриотско' здружение 'Тодор Александров' и јавно да ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи.

Во спротивно, ќе ја третираме партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски како поддржувач на фашизмот и негирањето на Македонците како засебен народ.

Бараме од МВР да ги истражи фотографиите на кои се промовира оружје, да испита дали истото е легално, и да преземе мерки против сите незаконски активности, вклучително и против актите на ширење на расистички и фашистички материјали преку компјутерски систем.“

Извор: Слободна Македонија