10 работи кои не сте ги знаеле за Боб Дилан

26.05.2010 11:14
Боб Дилан

Бидејќи летово Боб Дилан доаѓа во Македонија, редно е малку повеќе да се запознаеме со него. Наместо вообичаените податоци, решивме да ви го прикажеме во малку поинакво светло – следат помалку познати работи за овој познат изведувач кој е роден 1941 година во американската сојузна држава Минесота, и чие вистинско име е Роберт Алан Цимерман.

1. Според Боб Спиц, авторот на книгата „The Beatles: The Biography“, Боб Дилан бил првиот човек кој ги запознал Битлси со волшебноста на марихуаната.

2. Дилан има девет внуци и на колата има залепено налепница која гласи „Најдобриот дедо на светот“.

3. Боб Дилан се појавил со Џони Мичел на првата епизода од The Johnny Cash Show.

4. Една вечер во барот Макс, во градот Канзас Сити, Дилан и неговиот менаџер Боб Њувирт го навредувале Брајан Џонс од бендот Ролинг стоунс толку многу што овој почнал да плаче.

5. Од 1988 година, како дел од неговата “Never-Ending Tour” (Вечна турнеја), Дилан свири на барем најмалку 100 концерти годишно.

6. Еден случаен коментар кој Боб Дилан го кажал за време концертот Live Aid го инспирирал Вили Нелсон да почне со организирање на концертот Farm Aid.

7. Лани Дилан бил испрашуван од полицијата во Њу Џерси откако некој станар го забележал како бесцелно талка низ населбата на дожд.

8. На колеџ, Дилан бил познат по тоа што им крадел цигари и парчиња облека на другарите.

9. Пред да се откаже од студирањето на Универзитетот Минесота, Дилан стапил во студентското братство Sigma Alpha Mu.

10. За крај, еден негов цитат: „Да бидеш забележан може да претставува товар. Исус бил распнат бидејќи го забележале. Па така, јас често знам да исчезнам“.

Извор: indyposted.com

ОкоБоли главаВицФото