Идилична идиотска фасада во Центар, а во позадина - крш!

08.08.2016 04:17
Идилична идиотска фасада во Центар, а во позадина - крш!

За оние што целата вина ја припишуваат на Бога или на природата: дали знаевте дека патот од Ченто до Стајковци (Хасан бег) е почнат, недоправен, оставен со месеци да стои така, без оглед на причините... Граѓаните кружат по обиколница 5 километри со месеци, место да поминат 2 километри прав пат... дека каналите во Ченто, Хасан бег, Стајковци, откако памтам се полни само со ѓубре, по некоја машина за перење или мртов коњ... дека патиштата во Стајковци сто пати ги прекопаа, ставаа прво водовод, па канализација... па еднаш пропадна, пак го асфалтираа, а сега, еве нов, пак почна да пропаѓа... дека им ги ископаа споредните улици на луѓето за да стават канализација и им ги оставија така... дека канализациската мрежа ја правеа со некој бош проект, па некои што платија мораа да молат да ги приклучат... Сакам да кажам дека проблемите се провлекуваат 30 години, верувам дека така е со повеќето села во Македонија, со сите места што не се центар на Скопје, проблемите се системски и хронични. Тоа зборува за грижата на државата, која не е иста за сите нејзини граѓани, тоа зборува за политиката на државата која ги турка сите граѓани од сите села и градови кон Скопје, тоа зборува за една централизирана политика што прави идилична идиотска фасада во центарот на Скопје, а во позадина е крш... иако станува збор за села што се на десетина километри до Центар... И после нека не ми кажуваат глупости ќе се граделе нови населби, де плански, де урбанизирани, де не знам какви на периферија на Скопје... демек таму ќе имало чист воздух, селска идила... А бе овие што ги имате не можете да ги средите! Изборот е или живеј во Центар и отруј се од загадениот воздух, или живеј на село во речиси нехумани и нецивилизациски услови...

Ајде, зборувајте ми за унапредување на економијата, квалитетот на живот и прекрасната држава во која живееме!

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото