Луѓето се беспомошни, власта си игра пред камера

08.08.2016 12:04
Луѓето се беспомошни, власта си игра пред камера

Денес бев во посета на дел од поплавените места.

Сликата што ја видов е ужасна.

Немам фотографии и не сакав да пишувам за тоа, зашто сметам дека не е време за политички поени туку за сочувство, солидарност, помош и поддршка.

И ќе опстоев на тоа да не видев дека таму владее комплетен хаос. Нема никаква организација. Луѓето се беспомошни, има болни и немоќни лица, нема струја, вода, лекови и храна. А нема некој што знае и умее стручно и ефикасно да се зафати со задачата да се справи со елементарната непогода.

Патиштата кон поплавените места цел ден беа блокирани од илјадници автомобили, така што таму исклучително тешко се пробиваа екипи на брза помош, погребално претпријатие, а не пак возилата кои носат помош во храна лекови, вода итн.

Вечерва дополнително ме ужасна сликата на ТВ Нова, каде видов како се сликаат и си играат играчки и прават драмска програма во живо Нино, Емил, Никола, Тони, Коце и др.

Уште кога видов како Никола Г. му издава наредби на директорот на Дирекцијата за спасување, некој си Салиу, да испрател повеќе механизација и да дадел прецизни задачи, сфатив дека ниту на Салиу му е јасно од каде се нашол на местото на кое се наоѓа ниту пак Никола Груевски има намера да разбере дека е никој и ништо за да издава наредби, а справувањето со ваква непогода бара стручност многу поголема од неговата за сè и сешто, на ниво на неговото познавање за парапетчиња на Охридско езеро, урбанизам и архитектура.

Ако може без да се сликам, нешто да сугерирам:

НАЈМАЛКУ ШТО МОРА ДА СЕ НАПРАВИ ВЕДНАШ Е

– да се евакуираат старите, болните и децата на места каде има струја, вода, медицинска помош и услови за хигиена сè додека не се создадат минимум услови за живот во нивните живеалишта.

-да се оневозможи влез во местата за оние на кои тоа не им е неопходно, за да може екипите за медицинска помош, расчистување и дезинфекција непречено да излегуваат и да влегуваат во поплавените подрачја и да си ја вршат работата.

Извор: Фејсбук профилот на авторката, 7.08.2016.