Единаесеттото издание на фестивалот АКТО почнува во Битола

09.08.2016 11:32
Единаесеттото издание на фестивалот АКТО почнува во Битола

Единаесеттото издание на фестивалот за современи уметности, АКТО, оваа година под мотото Pop Up, или искрснување, ќе се одржи во четири градови низ Македонија. Од 12 до 14 август ќе биде во Битола, а потоа со нови содржини продолжува во Скопје во септември, Штип во октомври и Тетово во ноември.

Покрај секојдневната музичка програма, сижејната на линија на 11 издание на АКТО ќе биде политичката моќ на колективите, а оваа тема ќе се отвори од повеќе аспекти преку дискусии со уметници и членови на независни иницијативи од балканот.

Тридневната програма во Битола ќе се одвива во специјално дизајнирана хала во поранешниот комплекс на фабриката фрижидери, како и во кафе барот „Јагода“. Во рамки на програмата ќе има музички настапи, конференции, изложби, претстави и работилници.

Во музичкиот дел од програмата ќе настапат бендовите Дисциплина Кичме, Фолтин, Ти, диџејот Џимпстер од Англија, како и многу локални бендови и диџеи од битолската сцена.

Во театарскиот дел помеѓу другото ќе може да се погледнат претставите „Битката на Неретва“ (Хрватска) на Борис Бакал, како и претставата „Кампакам“ (Словенија) на Владо Репник.

Фестивалот вклучува конференција поделена во три панели на кои ќе се дебатира на темите поврзани со правата и условите на културните работници и слободните уметници, како и одговорноста на уметниците во општество во време на политичка криза.

На фестивалот ќе се одржи и конференцијата ENGAGE на организацијата Младински образовен форум. Во склоп на програмата, ќе бидат поставени и изложби на фотографии од повеќе автори, а под мотото „Микрозаедниците и нивната (не)моќ“ ќе се собираат пораки од граѓани на повеќе локации низ Битола, во облик на тура со камион низ градот.

Поп ап АКТО е организиран од ФРУ – Факултет за работи што не се учат, а финансиски е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

Во продолжение можете да ја погледнете деталната програма на фестивалот.

 

POP UP AKTO програма

куратори: 
Ивана Васева и Филип Јовановски
ко-кураторка на конференцијата: 
Биљана Тануровска - Ќулавковски 
---

ПЕТОК/ 12.08.2016

ДРАГА УМЕТНОСТ
- колективна акција во јавен простор како дел од кураторскиот концепт на фестивалот на Ивана Васева и Филип Јовановски
12ч/ Плоштад Магнолија/ Широк сокак

АКТО МУЗИКА ЗА ГРАДОТ 
Акто музички камион со ДЈ сетови на: 
BERRYQYAT
DEJAN DEX\HAUZ MUSIC
DANNY L
12 - 15 ч/ На повеќе локации низ Битола

МИКРОЗАЕДНИЦИТЕ И НИВНАТА (НЕ)МОЌ
АКТО/ ФРУ, Битола и Плоштад Слобода, Скопје во партнерство со За нас се работи, Битола
- тура со АКТО музички камион, промоција на весникот „Активни заедници“ на Плоштад Слобода низ битолски маала
12 - 15 ч/ На повеќе локации низ Битола

КОЛЕКТИВНА ОДЛУКА (почеток на процес)
изложба 
Уметнички колективи: 
1. Свирачиња, Скопје
2. КУЦ Текстил, Штип
3. КУЛА, Скопје
4. Група Елементи, Битола 
музички настап: Phill Refill meets Bob Dylan"
18ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

РЕВОЛУЦИЈА ВО ВТОРО ЛИЦЕ ЕДНИНА 
Изложба на фотографии 
Фотографи: Ванчо Џамбаски, Кети Талевска, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Елена Фиданска
комплекс на хали „Фрижидери“

КАКО МОЈОТ ЖИВОТ ЖИВОТ СТАНА КУЛТУРЕН РАБОТНИК - КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ ЈА ЗАВЗЕМААТ СЦЕНАТА 
предавање/ презентација 
Ивана Васева, кураторка, Македонија 
Биљана Тануровска - Ќулавковски, менаџерка во културата, Македонија
19ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

И УМЕТНИЦИТЕ СЕ РАБОТНИЦИ 
Културни работници и слободни уметници: услови и права
КОНФЕРЕНЦИЈА 
I Панел:
1.Анела Бешо, координаторка на Друштво Асоцијација, Асоцијација за уметнички и културни невладини организации и фриленсери, Словенија
2.Сања Арсовска, актерка и претставничка на Синдикат за култура на РМ, Македонија
3.Златко Теодосиевски, историчар на уметнот и експерт за Компендиум за културни политики, Македонија
4.Рок Вевар, независен драматург и архивар на современиот танц, Словенија
5. Милан Живковиќ, активист и експерт за синдикални права, Македонија 
Модератор: Марко Стаменковиќ, историчар на уметност и куратор, Србија
20ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

C-PURE B2B T:ZOBE
21ч/ мезе - бар Јагода


САБОТА/ 13.08.2016

УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ Одговорност на уметникот во општествена и политичка криза КОНФЕРЕНЦИЈА 
II панел - I дел: 
1. Душан Којиќ Која, Дисциплина Кичме, Србија - TBD
2.TBD
3. Горан Ињац, драматург и уметнички директор на Словенско младинско гледалиште и Звонимир Добровиќ, основач, куратор и продуцент на Фестивалите Квир Загреб и Квир Њујорк
11 ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

ЈАС СУМ ИЗВЕДУВАЧ
перформанс
Сабрина Железник, Словенија
12ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ Одговорност на уметникот во општесшвена и политичка криза 
КОНФЕРЕНЦИЈА 
I панел – II дел
4.Мирјана Боба Стојадиновиќ, уметница, Србија и Мирослав Кариќ, историчар на уметност и куратор, Србија
5. Филип Јовановски, ко-автор на проектот КУЦ Текстил – Бојан Иванов, историчар на уметност
13 ч./ комплекс на хали „Фрижидери“

КАКВА ВЛАСТ ТАКВА АРХИТЕКТУРА, прв дел
перформанс 
Бруно Исаковиќ, Хрватска
14.30ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

ENGAGE: Движења
Конференција
III дел

1. Емилиано Кампањола, актер, режисер, видеo-театар-уметник, член на Teatro Valle Occupato, Италија 
2. Ксенија Радовановиќ, активист, член на иницијативата Не да(ви)мо Београд, Србија
3. Јернеј Кастелиќ, активист, член на автономниот културен центар, Фабрика Рог, Словенија
4. Критос Џиованопулос, активист, чен на движењето Direct Democracy Now!, Грција
5. Ѓорѓи Пулевски, член на дебатното кино „Контракадар“, Македонија
6. Драгана Велковска, активист, член на граѓанската иницијатива Охрид СОС,, Македонија 

17ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

БИТКАТА НА НЕРЕТВА, Хрватска 
претстава
автор на концептот и режисер: Борис Бакал
Драматургија на претставата: Ања Плетикоса
ценографија и ко-автор: Лео Вукелиќ
Изведувачи: Борис Бакал, Лео Вукелиќ
Автор на музиката и звучните слики: Томислав Бабиќ
Костимографија: Ивана Бакал
Видео обликување: Ведран Сењановиќ
Графички дизајн: Иван Клис
Продукција: Фрлачи на сенки, Загреб
20 ч/комплекс на хали „Фрижидери“ "

MAIN STAGE
TI / SRB
FOLTIN / MKD
DISCIPLINA KITSCHME / SRB
RIKVERC / MKD
JIMPSTER /freerange/ UK
MIKE STEVA / Yoruba Records. Deeproots Music / AUS
MACHKI /Pollux/ MKD
21.30ч. / комплекс на хали „Фрижидери“

FRINKO STAGE 
GORAZD / MKD
BOBBAN MANEVICH / MKD
BERKANT KIDASZ / MKD
KRISTIJAN PETROVSKI/ALTERNATIVA

НЕДЕЛА/ 14.08.2016


МАЛА РАЗРАБОТКА НА ЦЕВКАТА
работилница
Борис Бакал, Хрватска
11ч/ мезе - бар Јагода 

КАКВА ВЛАСТ ТАКВА АРХИТЕКТУРА, втор дел
перформанс 
Бруно Исаковиќ, Хрватска
13ч/ јавен простор

МИКРОЗАЕДНИЦИ И НИВНАТА (НЕ)МОЌ 
поставка од пораки од граѓани 
мезе - бар Јагода

МОЖНОСТИ ЗА ГРАЃАНСКО ЗДРУЖУВАЊЕ
разговор помеѓу повеќе организации (TBD)
18-20ч/ TBD

КОЛЕКТИВНА ОДЛУКА 
изложба (затворање на процес)
20ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

УТРЕ Е ДЕН РЕЧЕ МАКС
перформанс
Воин де Воин и Андрју Фремонт Смит, Бугарија
20.15ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

КАМПАКАМ, Словенија
перформанс, концерт 
Автори: Репник = Холц + Трампуш = Прашникар = Прашникар
Сценарио и режија: Владо Г. Репник
Музика: Коала воис
Перформери: Тилен Прашникар, Миха Прашникар, Манца Трампуш, Домен Дон Холц
Во филмот се појавуваат: Маја Делак, Бојана Кунст, Антони Пол, Џон Кејџ и други
Надгледување: Симон Кардум
Камера, монтажа: Владо Г. Репник, Домен Дон Холц
Продукција: Кино Шишка, Љубљана
21ч/комплекс на хали „Фрижидери“

FRINKO STAGE 
THE GOVERMENT / MKD
BRUSSELS PONY CLUB/ BEL
MIRKO POPOV / MKD
22ч/ комплекс на хали „Фрижидери“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото