Раскажувај ми за ХААРП

09.08.2016 11:43
Раскажувај ми за ХААРП

Да не мислам дека времето може да се прогнозира.
Да не мислам дека може да се предупреди на време.
Да не мислам дека треба да има служби за спасување.
Да не мислам дека треба да има атмосферска канализација.
Да не мислам дека поплави може да се контролираат и со брани.
Да не мислам дека треба да има квалитетен систем за одвод.
Да не мислам дека требаше телевизиите да известуваат што се случува.
Да не мислам дека во 21-ви век од дожд загинаа луѓе.
Да не мислам дека во 21-ви век од дожд има и многу повредени.
Да не мислам дека во 21-ви век од дожд има огромна материјална штета.
Да не мислам дека пред избори од избраните беше ветувано дека ова ќе се спречи.
Да не мислам дека плаќаме даноци за да се спречи.
Да не мислам на парите фрлени на стиропор-фасади, галии и глупости кои можеа да се искористат за да се спречи ваква катастрофа.
Да не мислам дека во моментов се гради панорамско тркало.
Да не мислам дека партиски лидер му наредува на премиерчето.
Да не мислам на тоа колкумина се збунети и немаат поим што прават.
Да не мислам на тоа колку се некомпетентни.
Да не мислам дека сум глуп што ги гласав.
Раскажувај ми за ХААРП,
Да не мислам.

Извор: Фејсбук профилот на авторот