Заборавени спортови кои веќе не се дел од Олимписките игри

09.08.2016 13:42
Заборавени спортови кои веќе не се дел од Олимписките игри

Влечење јаже била олимписка дисциплина од 1900 до 1920 година.

До неодамна, Олимписките игри беа ограничени на 28 спортови. Тоа значи дека не се натпреваруваа само спортисти, туку и самите спортови мораа меѓусебно да се натпреваруваат. Од Олимписките игри во 2020 натпреварувањето нема да биде ограничено на 28 спортови, туку на 10.500 спортисти и 310 натпреварувачки настани.

Со текот на годините некои спортови исчезнаа од Олимписките игри, а некои други го заземаа нивното место, како што се скокањето на тобогани и BMX трките.

Во фотогалеријата имате прилика да ги видите некогашните олимписки спортови кои веќе не се дел од Олимписките игри.

Качување по јаже била оригинална дисциплина од првата модерна Олимпијада во 1896 година, а била укината во 1932.

 

Кревање тегови со една рака била олимписка дисциплина од 1896 до 1906 година.

Летањето со балони бил егзибиционистички спорт на Олимпијадата во 1900, но никогаш не бил вклучен во официјалните дисциплини.

Гаѓање во живи гулаби (добро прочитавте) исто така била егзибиционистичка дисциплина во текот на Олимпјадата во 1900 година, која траела дури пет месеци.

Возењето велосипеди во тандем првично е воведено во 1908 година, а потоа повторно било воведено во 1920 година и овој спорт бил дисциплина на секоја летна олимпијада до 1972 година.

Соло синхронизираното пливање воведено е во 1984 година, а на организаторите им биле потребни три олимпијади за да сфатат дека на пливачите им е прилично лесно да се синхронизираат сами со себе.

Хокејот на ролшули се појавува во 1992, но после тоа, сите дисциплини со ролшули се исфрлени од олимписките игри.

Извор: www.radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото