Промашени апели

10.08.2016 08:55
Промашени апели

„Апелирам до сите граѓани, во овие тешки мигови, да се воздржат од какви било препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање виновници.“

А, зошто да не се препукуваме по социјалните мрежи, зошто јавно да не жигосуваме и зошто да не ги бараме виновниците, господине Заев?!

Ние сме тешко болно општество кое кога во вакви околности ќе престане да ги прави овие работи за кои вие апелирате да не ги прави, ќе испрати јасна порака дека, во меѓувреме, починало.

Јас ја разбирам благородната инспирација во вашиот апел, дури можам да кажам дека навистина можеме да се воздржиме од барање виновници за катастрофата, особено затоа што ние многу убаво ги знаеме тие виновници, па нема што да ги бараме во смисла да ги утврдуваме, туку само во смисла да ги фатиме за врат, ги знаеме и како институции и како позиции и како политики и како идеолгии, а ги знаеме и по име.

Тие работи нема да го отклонат нашето внимание од страдањата на луѓето и од помошта што треба да им се пружи, што, според моето видување е во основата на вашата благородна порака. Обратно, ќе ги засилат низ страста со калта што со своите политики и карактери и примитивности ни ја донесоа во домовите, да им ги наполниме џебовите и да ги фрлиме во првата подлабока вода!

Извор: Фејсбук профилот на авторот