Радост

10.08.2016 12:51

Не сака за неа да зборувам.
Нејзе ја нема на хартија.
Не поднесува пророци.

Руши сè што цврсто стои.
Не лаже.
Не се буни.

Таа самата ме оправдува.
Таа е мојот разум.
Таа не ми припаѓа.

Чудна е и постојана.
Јас ја кријам
како некаква срамота.

Трае кратко.
Никој не може да ја подели со некој друг.
Никој не може да ја има само за себе.

Ништо не задржувам за себе.
Сè делам со неа.
Таа секако ќе замине.

Некој друг ќе ја крие
при нејзиното победоносно бегство
низ мошне долгата ноќ.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото