20 причини за гнев

11.08.2016 09:01
20 причини за гнев

1. РХМЗ не алармираше за невремето!

2. Медиумите не нè информираа со програма во живо за случувањата!

3. Цело Скопје дозна за хоророт преку аматерски видеа на Фејсбук, а за жртвите дури сабајлето!

4. Сте знаеле со години дека нема соодветна атмосферска канализација и не сте интервенирале!

5. Сте знаеле со години дека Скопска Црна Гора е оголена, а садевте дрвца за Денот на дрвото кој знае каде!

6. Сте знаеле со години дека каналите за дренажа треба да се одржуваат чисти, а не сте ги чистеле!

7. Херои кои спасувале луѓе се обични граѓани, наместо луѓе од Дирекција за заштита и спасување!

8. Херои кои регулирале сообраќај на обиколница се обични граѓани, наместо сообраќајна полиција!

9. Граѓаните утредента ги оставивте сами на себе, да го отстрануваат сметот и да ја испумпуваат водата како знаат и умеат!

10. Нема доволно пумпи, нема доволно механизација, нема доволно луѓе на терен, полицијата и војската интервенираат со лопати или голи раце!

11. Лажевте за јачината на дождот и количината на врнежите!

12. Нема систем, ниту организација во достава на хуманитарна помош!

13. Шишиња вода оставени на улици, неспакуван леб истурен на земја, зашто нема кој да ги дистрибуира до домовите!

14. Ги повикувате граѓаните да донираат пари, а парите на граѓаните ги трошите за глупави кафези и рајски градини!

15. Сите се повикувате на Господ, наместо да се отповикате од функција заради одговорност!

16. Не се испочитувани законите за идентификација и обдукција на жртви!

17. Луѓето имаат проблеми да си ги погребаат жртвите, никој не ги прашува како им е!

18. Непознат е точниот бројот на исчезнати!

19. Непознат е точниот број на повредени!

20. Официјално 22 мртви! 22 мртви! 22 мртви! Од обичен пороен дожд!

Што уште сакате?! Малку ли ви е?! Уште колку причини ви требаат за да разберете дека СТЕ КРИВИ!?

Извор: Фејсбук профилот на авторката