ДПМНЕ или живот!

11.08.2016 10:15
ДПМНЕ или живот!

До ова дереџе стигнавме и уште се давиме, затоа што ДПМНЕ успеа, многу методично, да ја урне секоја лична идеја за достоинство и вредност. Да нè деградира како луѓе до срж.

На пример, и денес на доктор гледав како луѓето кои работат толку благородна, одговорна професија за која жртвуваат голема порција од животот, се претворени во обични куцачи на машини. И да сакаат немаат време да се посветат на пациентот, зашто поважно е да ги пополнат квотите на „Мој термин“. Запчаници на фабричка лента добиваат повеќе внимание отколку луѓето во болка. Нештата се дотаму бизарни што во мојата анамнеза, каде треба да ми ги има само медицински релевантните симптоми, првата реченица која докторот ја запиша беше: „пациентот задоцни на закажаниот преглед“.

Тука е и образованието. Професорите, тие луѓе во чии раце ги предаваме мозоците и душите на иднината, се исто така претворени во административни роботи, плус заплашени со казни. Во таква средина нема ни мотив ни време за надградба на нашите деца. Напротив, тие се колатерални жртви.

Сево ова не е само прашање на индивидуален избор или непрофесионалност, туку системски наметнатно уништување на професии, вредност, стручност и иднина. Со лоши закони, со некомпетентност, оваа власт нè убива и телесно, и душевно и интелектуално. Затоа што со безволни и прости луѓе најлесно се владее.

Ако знаеме барем малку за себе-почит, ако имаме барем малку љубов кон ближните и своите деца, ако останало барем нешто човечко во нас, нема да оставиме да им помине.

ДПМНЕ или живот. До таму е.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Небојша Гелевски