Облека инспирирана од ткаенините на седиштата во јавниот превоз

12.08.2016 01:06
Облека инспирирана од ткаенините на седиштата во јавниот транспорт

Германската уметница Meнја Стивенсон ги споделува своите фотографии од патувања во градските автобуси и возови, на кои таа седи на шарени дизајниран униформирани седишта облечена во модели со дезени и материјал идентични на оние од седиштата. Ткаенината во која се „облекуваат“ седиштата, не е создадена само за да ги заштити од дамки, туку таа исто така има и трендовска димензија, а многу од избледените дизајни, поради колоритноста и цврстината на материјалот можат да траат една или повеќе децении.

Заинтересирана за овој отпорен материјал, Стивенсон почнала да истражува на оваа тема, а во 2006 година и да креира облека од ваквата ткаенина за нејзиниот проект насловен Bustour. Проектот ќе ја натера да ги убеди германските транспортни компании лично да ѝ го транспортираат платното, иако истото не е комерцијално достапно. Откако конечно го добила материјалот, таа дизајнирала облека со која самата естетски се камуфлира во склоп со ентериерот на секој автобус или воз спојувајќи се со дезенот на ткаенината, и испитувајќи ги реакциите на патниците.„Облечени во нив, се потите како луди, во нив се чувствувате како во оклоп на витез, и тешко е да реагирате природно“ – вели Стивенсон. „Не можев да верувам дека многу луѓе не ја сфатија поентата на овој проект. Дали мислеа дека тоа е чиста случајност? Некои љубопитни луѓе барем зборуваа со мене, се распрашуваа, мал дел од нив се насмеаја, но повеќето патници срамежливо ме набљудуваа и брзо го свртуваа погледот.“

Архивската документација од реакциите на патниците (или недостатокот од истата) можете да ја погледнете на веб сајтот на Стивенсон. А доколку сте во потрага по попрактична употреба за старата ткаенина за седишта, разгледајте ги чантите и модните додатоци направени од ткаенина за седишта од авион од дизајнерското студио Fallen Furniture.

Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото