Сабота, 13 август: повик за учество во две големи акции за расчистување и донирање за поплавените места

12.08.2016 16:10
Во сабота, две големи акции за расчистување и донирање за поплавените места

Членовите на групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, коишто се физички и здравствено подготвени, на ЗАЕДНИЧКА УДАРНА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ на сите критични точки, на 13 август 2016 година (сабота). Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, КООРДИНИРАНОСТ, МАСОВНОСТ и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме ВЕДНАШ. Сега, таму сме НАЈПОТРЕБНИ!

Потребно е сите граѓани да започнат да доаѓаат на зборното место „Веро Центар“ („Веро Џамбо“) од 8 часот наутро, по што ОРГАНИЗИРАНО и КООРДИНИРАНО ќе се упатуваат на критичните точки, според утврдена листа степенот на алармантност на ситуацијата на теренот. Превозот ќе поаѓа по исполнувањето на капацитет на секое возило (автобус, минибус или комбе). Расчистувањето ќе трае најдоцна до 19 часот, поради потребната видливост на теренот.

Увидот на теренот покажува дека ПОТРЕБНИОТ број луѓе за расчистување на сите критични точки е МНОГУ ПОГОЛЕМ од оној којшто до местата може да се упати со јавниот превоз или индивидуалните возила.

Затоа, ЈАВНО ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ и ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ од Република Македонија, да се вклучат во оваа акција и СИТЕ свои автобуси, минибуси и комбиња, коишто не се користат за редовен превоз на 13 август 2016 година да ги упатат пред „Веро Центарот“ во Скопје (обезбеден паркинг) и да овозможат во текот на целиот ден да превезуваат граѓани до и од критичните точки, до локациите до коишто полицијата дозволува пристапност. Сигурни сме дека ќе ја покажат својата ЧОВЕЧНОСТ и ЕТИЧНОСТ и ќе ги испратат возилата коишто им се на располагање, бидејќи ниту еден друг ангажман и ниту еден друг личен приротет на приватните превозници, во овие денови, не треба да е поприротетен од помагањето во расчистување на сите критични точки. Исто како што за секој физички и здравствено подготвен, ЕТИЧЕН, ЧОВЕЧЕН граѓанин на Република Македонија, во овие денови, најприоритетно е секогаш кога може да биде онаму каде што е НАЈПОТРЕБЕН – на терен!

Сите приватни превозници коишто го прифаќаат јавниот повик, за повеќе информации и најава, како и сите поголеми групи на граѓани коишто го прифаќаат повикот за учество во оваа МАСОВНА и КООРДИНИРАНА АКЦИЈА, во секое време можат да се обратат на телефонскиот број: 076-456-345.

Сите граѓани коишто поседуваат соодветна опременост (чизми, лопати, копачи, вили, работнички колички, заштитни ракавици, медицински маски), неопходно е да дојдат со неа, а за сите граѓани коишто немаат ваква опременост, известуваме: поседуваме поголем број опрема којашто ќе им биде дадена пред упатување на терен.

Да покажеме дека сме ТУКА! СО ЛОПАТА ВО РАКА!

Истовремено со оваа акција, координирано, на друга локација ќе се организира централен пункт за собирање хуманитарна помош.

ИНСТРУКЦИИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИШТО ЌЕ СЕ УПАТАТ НА ТЕРЕН:

- Доколку поседувате, носете ваш алат. Најпотребни се лопати, копач и вила.

- Задолжително работете со заштитни ракавици (колку може повисоки, идеално до лактот), заштитна маска и гумени чизми.

- Доколку при работењето се испотите, не си го бришете лицето со раце, користете крпа која ќе ја допирате само со чисти раце.

- Доколку се повредите, веднаш измијте ја раната со голема количина чиста вода (флаширана) и санирајте ја раната. Доколку имате отворена рана, препорачливо е да ја напуштите областа и да посетите лекар.

- Консумирајте многу вода (флаширана) и други течности.

- Немојте да рааботите гладни.

- Наполнете ја батеријата на телефонот пред излегување од дома.

- Доколку се извалкате со кал, потрудете се да не се допирате по лицето и измијте се веднаш.

СЕКОГАШ МИСЛЕТЕ НА СВОЈАТА БЕЗБЕДНОСТ. ПОПЛАВЕНИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ СТРУКТУРНО НЕСТАБИЛНИ.

* * *

ФБ-групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ве известува и ве повикува:

Утре (сабота, 13 август 2016), сите коишто нема да бидеме во можност да бидеме со лопата во рака (види настан: https://www.facebook.com/events/1650986225215867/) да бидеме на едно место, онаму каде што сме потребни - СИТЕ ПУНКТОВИ ПОСТАНУВААТ ЕДЕН ГОЛЕМ и КООРДИНИРАН ПУНКТ за донации за настраданите во поплавените делови на Скопје – на Сквер Јадран, од 10 до 22 часот!

ВЕДНАШ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО И ПАКУВАЊЕТО, СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ БИДЕ УПАТЕНА ОНАМУ КАДЕ ШТО Е НАЈНЕОПХОДНА!

Ситуацијата од теренот потврдува дека се неопходни уште многу донации! Да докажеме дека сме хумани и дека можеме повеќе! И тие што веќе дониравме, да донираме пак – дури треба! А МНОГУ ТРЕБА!

Наместо на едно кафе во град, донирајте за спас на нечиј живот!

НАЈНЕОПХОДНИ ДОНАЦИИ

- Средства за дезинфекција
- Средства за лична хигиена
- Конзервирана и сува храна (храна којашто не треба да се готви или да се чува во фрижидер)
- Храна за бебиња
- Пелени за бебиња (сите броеви)
- Пелени за возрасни
- Прибор за чистење
- Кофи
- Ракавици за чистење
- Лопати
- Гумени чизми
- Работнички колички
- Душеци и кревети
- Ќебиња и постелнина
- Лекови коишто се издаваат без лекарски рецепт
- Батериски ламби
- Плински боци и плински уреди за готвење
- Свеќи и ќибрит
- Медицински маски
- Хирушки ракавици

АКО САКАТЕ ДА ДОНИРАТЕ, А НЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ВАШАТА ДОНАЦИЈА ДА ЈА ДОНЕСЕТЕ ДО СКВЕР ЈАДРАН, ЈАВЕТЕ СЕ НА: 077-693-340.

Упатуваме ЈАВЕН ПОВИК до СИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАРТОНСКА АМБАЛАЖА, до 9 часот, директно на Сквер Јадран да донираат картонска амбалажа во што поголем број – НЕОПХОДНА ЗА ПАКУВАЊЕ НА ПРИСТИГНАТИТЕ ДОНАЦИИ. За координација можат да се обратат на телефонскиот број: 071-665-433! За нив, едно комбе или еден камион со картонска амбалажа е ништо, ама некому, може да му биде сѐ. А таквите случаи се МНОГУБРОЈНИ!

--------------------------------------------------------------------------------------

УПАТСТВО ЗА ВОЛОНТЕРИ

Волонтерите коишто ќе ги примаат и пакуваат донациите се неопходни, ПОВЕЌЕ И ОД ОНИЕ ШТО И ДЕНЕС СМЕ НА ТЕРЕН! Секој волонтер да понесе и картонска амбалажа за пакување!

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Облечени во БЕЛИ МАИЦИ, како знак на препознавање! СЕКОЈ ВОЛОНТЕР да носи: МАРКЕР, ТРАКА ЗА ЛЕПЕЊЕ ПАКЕТИ и СКАЛПЕЛ ИЛИ НОЖИЦИ.

ПОТРЕБНИ СЕ И ВОЛОНТЕРИ СО ВОЗИЛА, ЗА ДИРЕКТНА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИИТЕ ДО НАСТРАДАНИТЕ

(Со гумени чизми, ракавици и медицински маски)