Готвачи подготвуваат оброци за гладните од фрлената храна во олимпиското село

13.08.2016 12:40
Готвачи подготвуваат оброци за гладните од фрлената храна во олимпиското село

Давид Херц и Масимо Ботура

Група готвачи решила да се обиде да го ублажи проблемот со гладот во Рио де Жанеиро така што ќе подготвува оброци од вишокот храна во олимпиското село и ќе им ја подели на сиромашните жители на овој бразилски град.

Организацијата на триесет и првите Олимписки игри се соочи со бројни критики поради фактот дека Бразил, и покрај несомнениот развој во минатите децении, сè уште се бори со сиромаштијата, а готвачите решиле да ја подобри нивната состојба.

Готвачот Масимо Ботура од Италија и Давид Херц од Бразил одлучиле да подготват 5.000 оброци дневно користејќи само состојки кои најверојатно би завршиле во канта за отпадоци.

„Користиме работи како 'грдо' овошје или јогурт кој ќе биде фрлен ако не се искористи во рок од 48 часа“, вели Херц од компанијата RefettoRio Gastromotiva, која ќе работи на подготовка на храната за време на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Идејата за подготвување оброци на ваков начин е инспирирана од примерот на 65 готвачи кои во 2015 година готвеа од остатоците од храната од миланскиот Светски саем.

Извор: Newsmax