1022 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Чет, 23.01.2025 10:59
Лустерите прават сенки од кои се плашат старите. Еднаш една таква пребегната сенка залута во мојот двор. Ја нахранив и ја легнав во куќичката на кучето и таа порасна голема колку млечна планина. Ја запознав со баба ми која не се сомневаше во ништо (освен во временската прогноза и точноста на тв програмата), и ја послужи новата гостинка со слатко и компот. Набргу, сенката (која беше видно вознемирена) се закачи за лустерот, почна да пее некакви тибетански клетви и се престори во голема црвена мравка. Баба ми ја згази уште пред да го допие кафето и отиде да меси пита со спанаќ.
Мирно дебармаалско детство.
Слика: Викторија де Алмеида