Градина со 800 билки на покривот на лондонска куќа

16.08.2016 10:57
Градина со 800 билки на покривот на лондонска куќа

Архитектонското студио Hayhurst and Co од Лондон изгради дом и студио за водечкото дизајнерско дуо Патрик Витакер и Кеира Малем. Скалестиот покрив на кој има 800 видови билки е вистинска атракција.

Куќата има два ката и е една од дваесетте куќи кои се во конкуренција за наградата RIBA за куќа на годината.

Покривот на куќата има пирамидална структура, а градината е дизајнирана така што може лесно да се одржува.

 

Дуото Витакер-Малем објаснува дека тие сакале да создадат повеќенаменско место кое би можело да се користи за изложби на нивните дела, како и да им биде дом и студио.

Овие дизајнери, кои се најпознати како автори на филмски костими, вклучувајќи ги и оние во филмот „The Dark Knight“ и продолженијата на „Хари Потер“, на ова место во деведесеттите направиле еднокатна работилница која е заменета со нова структура.

 

Архитектите Џонатан Николс и Ник Хејхарст рекле дека „висечката градина“ претставува нов и драматичен елемент во урбаниот пејзаж на Лондон.

На страните од куќата се наоѓаат други објекти, што го направило вметнувањето на прозорци тешко, па прозорците на покривот даваат повеќе светлина во внатрешноста. На приземјето се наоѓа просторот за живеење на дизајнерите.

 

Оваа куќа со необична градина е најнова во серијата проекти кои ги истражуваат новите форми за традиционалната градина на покривот. Меѓу другите примери се куќата во Виетнам чијшто покрив е пругасто раздвоен и холандскиот кварт со брановиден зелен покрив.

 

Извор: klix.ba

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото